Реклама

Само неколку минути до резултат – МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Македонија

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Град Скопје објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаетчии чии дејности бележат континуирано намалување.

Право на учество имаат занаетчии со живеалиште на подрачјето на град Скопје, од општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик и ја доставиле целокупната потребна документација. Сите детали од јавниот повик можат да се најдат на следниот линк: https://skopje.gov.mk/media/12149/јавен-повик-субвенции-на-занаети.pdf.

-Занаетчии кои во тековната година не користеле финансиски средства од Град Скопје. Занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и лица кои поседуваат занаетчиска дозвола и вршат занаетчиски дејности кои, според обработените податоци, бележат континуирано намалување на активноста – се дел од условите наведени во јавниот повик.

Реклама

 Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи посочува дека со оваа мерка им се дава конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје.

-Да не дозволиме старите занаети да останат само спомен од минатото. Да создадеме услови тие повторно да бидат ценети, препознатливи и привлечни за младите. Заедно да ги зачуваме занаетите, да ја зачуваме традицијата и да им ја пренесеме оваа вредност на генерациите што доаѓаат – вели тој. 

Градоначалникот на Скопје потенцира дека занаетите се нераскинлив дел од традицијата, културата и идентитетот.

-Низ вековите, вредните раце на нашите занаетчии создавале производи со душа, го пренесувале своето знаење од колено на колено и оставале трајна трага во развојот на нашите градови и чаршии. Тие се чувари на едно богато минато, но и значаен дел од нашата економска иднина. Затоа, наша заедничка обврска е да ги поддржиме, да им помогнеме да опстојат и да создадеме услови нивните вештини да продолжат да живеат и кај идните генерации – посочува скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски.