Реклама

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Македонија

Градоначалникот Јакупоски на работна сретна со  Христина Јовчевска за инклузија и еднакви можности

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше,  Онер Јакупоски оствари работна средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше,  Онер Јакупоски оствари работна средба со Христина Јовчевска, која  изминатиот период спроведе истражување за вработувањето на младите лица со попреченост во Македонија, информираа од општината. 
 
За време на средбата, што се одржала вчера попладне во Ростуше, каде е седиштето на општината,  се разговарало за предизвиците со кои се соочуваат младите лица со попреченост, особено во руралните средини. 
 
Исто така станало збор и  за можностите за подобрување на нивниот пристап до вработување и поголема социјална инклузија. 
 
-Како локална власт остануваме отворени за соработка со младите, граѓанскиот сектор и сите релевантни чинители во креирањето иницијативи и политики што придонесуваат за еднакви можности, инклузивност и подобар квалитет на живот за сите наши граѓани, рекол меѓу другото Јакупоски. 
 
Веруваме, додал, дека преку партнерство, дијалог и заедничко дејствување можеме да создадеме локална заедница во која секој млад човек ќе има еднаква можност да го оствари својот потенцијал.