Реклама

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Македонија

Градоначалникот на Радовиш најавува дебата во ЗЕЛС за смена на претседателката Данела Арсовска

Пасивниот однос и нефункционирањето на  ЗЕЛС, се причина за се повеќе градоначалниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пасивниот однос и нефункционирањето на  ЗЕЛС, се причина за се повеќе градоначалниците ја губат довербата во организацијата . На наредната седница на управниот одбор  е неизбежно да се дискутура дали ќе има  смена на актуелната претседателка Данела Арсовска  или пак решенија за како повторно  се врати довербата , смета градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, кој е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Според Ристов, ваквите реакции се оправдани откако се покажа дека годината што изминува беше погубна за општините .

  • „Најверојатно по Нова година на наредната седница  ќе треба да ги отвореме сите овие прашања, да направеме ретроспектива на минатата година. Да ги видеме резултатите,да видеме што сме поставииле како цели и што сме постигнале. И врз основа на тоа ние треба да донесеме соодветна одлука, дали ќе менуваме нешто во управувањето или во пристапот во кој ЗАЕЛС ќе дејствува понатаму„-изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш .

Наместо унапредување и суштински измени во начинот на финансирање на локалните самоуправи, изминатата година, општините се третираат како непријатели на државата. Ристов потенцира дека во изминатиот период освен регулирањето на пазарот на струја за јавните претпријатија мерка која доцна беше прифатена, преку ЗЕЛС не се изнајдоа решенија и за други проблеми со кои  главно се соочуваат општините.

Реклама
  • „Ние како управен одбор, учесници на ЗЕЛС не успеавме мината година да мрднеме по ниедна точка. Прво мемерондамот за соработка Владата не сакаше да го потпише…Јас сум апсолутно незадоволен од она што ние како ЗЕЛС го направивме. Општините не добија ништо, напротив изгубивме многу. Упорно се однесуваме како да сме странци. Општините непријатели на државата, тоа го нема во ниеден систем на светот„-изјави Ацо Ристов, градоначалник на Радовиш.

Годината што измина за голем дел од градоначалниците беше тешка и полна со предизвици и кочници од  централната власт. Според Ристов без решение останаа проблемите со полагањето на директорските испити, уличното осветлување, распределбата на вкупниот буџет како и непоставувањето на критериуми и механизми за  распределба на парите за капитални инвестиции  кои во моментот се распределуваат по желба на министрите, а не на граѓаните.

Александра Ристевска