Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, од денеска ги продолжува своите редовни работни активности и обврски, информираат од општината.
Оттаму посочуваат дека и во периодот на неговото отсуство, Општина Карпош функционирала непречено, организирано и професионално, согласно воспоставените процедури и редовната динамика на општинската администрација.
Тековните проекти, услугите кон граѓаните и секојдневните активности на општинските служби се реализираа континуирано, со цел граѓаните да не почувствуваат застој во работењето на локалната самоуправа.

Со враќањето на градоначалникот Лукровски на работните обврски, општината најавува продолжување со уште поинтензивна координација на започнатите активности и со јасен фокус на реализација на приоритетите значајни за граѓаните.
– Во наредниот период, приоритет остануваат проектите насочени кон подобрување на квалитетот на живот во општината: унапредување на постојната инфраструктура, санација и реконструкција на урбаната опрема, одржување на јавните површини и зеленилото, како и постојано присуство на општинските служби на терен. Градоначалникот Сотир Лукровски останува посветен на одговорно, транспарентно и континуирано работење, со цел Општина Карпош да продолжи да функционира како стабилна, услужна и отворена локална самоуправа за сите граѓани, се наведува во соопштението.
Од Општина Карпош нагласуваат дека ќе продолжат со реализација на своите обврски, проекти и активности во интерес на граѓаните, со јасна заложба за отчетност, ефикасност и посветена работа.
