Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Гостиварскиот градоначалник не чувствува мoрална одговорност, го активира кризниот штаб и го суспендира раководството на ЈП „Комуналец“

Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните можат да се обратат за помош и снабдување со вода за пиење, се дел од мерките кои општина Гостивар ќе ги спроведува од денес. Ова го кажа градоначалникот, Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција во Гостивар. Вонредна седница ќе има општинскиот совет во попладневните часови.

– На мој предлог, веќе е активиран „Кризниот штаб“ од нашата општина и набрзо ќе заседава и секако ќе дава и препораки, но и помош на сите граѓани кои имаат потреба за тоа, рече Лимани.

Тој информираше и дека за носење одлуки и мерки ќе се дискутира и на вонредната седница на советот за да им се помогне граѓаните кои имаат потреба и кои се затекнати од оваа ситуација.

Реклама

– Општината ќе објави и официјален телефонски број на кој граѓаните кои не можат да излезат да земат вода, да се јават и со мобилни екипи да им се доставува до нивните домови, рече градоначалникот.

Тој напомна дека локалната самоуправа е во координација со сите релевантни институции и соработуваат за да како што посочи, дознае вистината.

– Со објавување на резултатите, веднаш ќе почнеме со активности за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа и засилени контроли за да се обезбеди пристап до здрава вода, што е можно побрзо, рече градоначалникот Лимани

На новинарско прашање околу преземањето на одговорност за настаната состојба, градоначалникот Лимани напомна дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП Комуналец и дел од раководството што е одговорно за водоводот.

– Сум во контакт со директорката на ЈП „Комуналец“ и раководството. Тие моментално се суспендирани од тие функции. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но секако не сакам ниту било како да се попречи во работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност затоа што јавното претпријатие е правно лице коешто менаџира. Доколку беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна, рече Лимани.

Тој појасни дека проблемите со градскиот водовод имаа повеќе годишна историја, но тоа е главно како што рече со недостиг на вода и дека е од приоритети кои ги спроведува од преземањето на функцијата е новата водоводна линија на која веќе се работи.

Вонредната седница општинскиот совет е закажана за 15.00 часот.