Реклама

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Евростат: Македонија со најевтина потрошувачка кошничка во Европа

Со изградба на автопатот Прилеп-Битола патувањето до Атина се крати за три часа

Повик до ЕУ: Не смее да се врши притисок врз Скопје без гаранции

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Македонија

Горештините ги зголемија повиците кон Брзата помош во Скопје, над пет колапси утрово

Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од пет колапси на јавни места, главно од постари лица, се евидентирани утрово, изјави доктор Ана Џарева од Брза помош – Скопје.

Таа потврди дека има зголемен број повици во Брза помош – Скопје поради високите температури, а се јавувале и барале помош и совети и помлади лица. 

– Претежно лицата се жалат на болки во градите, но, има и такви кои чувствуваат вртоглавици и имаат други симптоми – појасни докторката.

Реклама

Таа информираше и дека на жена од околу 37 години ѝ се слошило во возилото, а покрај повиците од лица кои не се чувствуваат добро, Брзата помош во Скопје имала повици и за сообраќајни несреќи. Џарева информираше и за велосипедист кој денеска бил повреден од возило.

Докторката ги повтори препораките дека треба да се избегнува излегување на отворено од 11 до 17 часот. Доколку се може, обврските да се одложат, а во спротивно – да се носи лесна облека, шапка, да се консумира претежно лесна храна – овошје, зеленчук и свежи салати. Да се пијат повеќе течности – вода и природни сокови, да се избегнуваат пијалаци што содржат алкохол, кофеин, како и тешка, мрсна храна. 

Редовно да се зема препишана терапија од надлежни лица, веднаш да не се излегува надвор од климатизирани простории, бидејќи од големо значење е тоа да му се даде време на организамот да се адаптира на промената на температурата.

Таа советуваше и да се внимава во сообраќајот, бидејќи при високи температури, може да дојде до намалена концентрација.