Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Годинашниот „Тиквешки гроздобер“, полн погодок и за домаќините, и за неколкуте илјади посетители

Градот на грозјето и виното, на топлото гостопримство и средчноста, на традицијата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот на грозјето и виното, на топлото гостопримство и средчноста, на традицијата, но и на модернизмот – Кавадарци, со годинашното издание на познатиот „Тиквешки гроздобер“, блесна во полн сјај. Како никогаш досега, со возобновувањето на некои стари тиквешки обичаи, помеѓу кои и „Тиквешкиот карневал“, но и со исклучително богатата и содржајна културно-забавна програма, „Гроздоберо“ примами неколку илјади посетители кои три дена уживаат во градската фешта.

„Денеска го означуваме официјалниот почеток на Тиквешкиот гроздобер, односно почетокот на Тиквешкиот карневал кој е со традиција подолга од 60-тина години, и со мал прекин пред 20 години, пак е возобновен. И сега сме на едно високо ниво во делот на Карневалската асоцијација, односно во делот на европското здружение – ФЕЕК“, – изјави синоќа, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во рамките на годинашниот Гроздобер, посетителите имаа можност, бесплатно да го посетат и „Винскиот музеј за регионот Тиквеш-Кавадарци“, кој е и единствен музеј од тој вид во Македонија. Неговата главна цел е да прибира, истражува, стручно и научно да обработува, да заштитува, да објавува и да презентира музејски предмети во делот на винарството и лозарството. Во Музејот се изложени 70 етнолошки предмети и 15 фотографии со историска содржина. А има и комерцијален дел на изложбени вина од сите комерцијални и семејни винарии во регионот. Музејските експонати се изложени на површина од 100 метри квадратни и сите се поврзани со преработката на вино и ракија од крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.

Реклама

„Посетеноста ни е одлична, така што се’ она што е традиционално и потекнува од општина Кавадарци и Тиквешијата, практикуваме да го задржиме и да ја подигнеме културата на пиењето на вино. И успеваме во тие работи. Ланските податоци се дека за три дена, кавадарчани и оние што доаѓаат во Кавадраци, пијат повеќе од 30.000 литри вино. Оваа година сакаме тој рекорд да го срушиме, но јас ќе повикам на одговорно пиење на алкохол“, – кажа градоначалникот Јанчев.

Годинашниот Тиквешки гроздобер, кој започна во петокот, завршува вечерва со настапот на балканската музичка ѕвезда Лепа Брена, а додека синоќа, пред неколкуилјаданата публика настапија Харис Џиновиќ и Халид Бешлиќ, како и многубројни македонски изведувачи од народната и забавната музика.

Каролина Дурло