Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Генералната секретарка на Собранието Димовска на Конференција на Платформата на Парламентарни секретаријати на земјите од процесот на пристапување во ЕУ

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска учествуваше на Конференција на Платформата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска учествуваше на Конференција на Платформата на Парламентарни секретаријати на земјите од процесот на пристапување во Европската унија, што се одржа во Виена во Парламентот на Австрија, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

На конференцијата учествуваа генерални секретари и службеници од парламентите од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Србија, Словенија и Украина, како и претставници од директорати од Европската комисија и Европскиот парламент.

На воведната сесија пред делегациите на парламентите на земјите-учеснички во Платформата се обрати генералниот секретар на Парламентот на Австрија, Хералд Доси кој го нагласи значењето на парламентарната димензија во процесот на пристапување во ЕУ и парламентарната соработка меѓу земјите од процесот на пристапување.

Реклама

Во обраќањето на темата: „Парламентарен надзор и отчетност во процесот на пристапување во ЕУ” Димовска истакна дека: „Парламентарниот надзор е во основата на демократијата и отчетноста на патот кон ЕУ. Ефективниот парламентарен надзор претставува суштински механизам преку кој се гарантира транспарентност, отчетност и демократска стабилност на Парламентот. Преку парламентарниот надзор и отчетност во процесот на пристапување во ЕУ, парламентите обезбедуваат дека реформите не се само формални, туку суштински водат кон подобри институции и поголема доверба на граѓаните”.

Димовска се обрати и на втората тема од Конференцијата која беше посветена на „Поттикнување на процесот на проширување на ЕУ преку меѓупарламентарна соработка и комуникација” при што истакна дека зајакнувањето на парламентарната соработка меѓу земјите од процесот на проширување на ЕУ претставува клучен фактор за заеднички напредок во патот кон полноправно членство во ЕУ. Парламентот за ефикасно да ги извршува своите функции мора да биде поддржан од силни административни капацитети кои ќе ги следат најновите политички случувања во ЕУ и нивното влијание. „Поради тоа важно е да се обезбеди одржлив и долгорочен развој на човечките капацитети кои обезбедуваат поддршка во секојдневната работа на пратениците” – нагласи Димовска во обраќањето пред присутните делегации.

Конференција претставуваше одлична можност за дебата помеѓу генералните секретари на парламентите од земјите од процесот на пристапување во ЕУ, за споделување на искуства и за предизвиците во процесот на европската интеграција со фокус на улогата на парламентите и парламентарните служби во процесот.

Заеднички став на парламентарните генерални секретари беше дека Платформата која се воспостави во март годинава, треба да продолжи да се развива и во иднина да функционира како структуриран и практичен механизам за поддршка на парламентарните администрации во текот на целиот процес на пристапување кон ЕУ. На овој начин ќе се обезбеди поширока размена на искуства, алатки и добри практики како и подиректна соработка во процесот на пристапување во ЕУ на генералните секретари и на парламентарните служби.

Во рамки на Платформата од месец мај до јуни годинава, беа организирани 4 онлајн работилници на теми во клучните области:приближување на националното законодавството кон правото на ЕУ; процес на преговори со ЕУ; градење механизми за ефикасен парламентарен надзор; парламентарна дипломатија; комуникација и вклученост на граѓаните. На сите работилници со свои презентации и дискусии учествуваа претставници од Службата на Собранието.