Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Гаши: Собранието ја интензивира работата за навреме да се донесат реформските закони

Собранието во следните неколку денови интензивно ќе работи на носење на законите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието во следните неколку денови интензивно ќе работи на носење на законите поврзани со реформската агенда, информира денеска на средба со новинарите претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. 

– Во однос на реформската агенда знаете дека 30 јуни е краен рок за гласање на законите од реформската агенда. Најголемиот дел од агендата на Собранието е организирана околу достигнување на тие рокови. Денеска имаме седница за пратенички прашања, утре ќе имаме седница, во понеделник најверојатно ќе свикаме нова седница, така што до 30 јуни ќе гледаме да поминеме се што доаѓа како предлог од Владата и од пратеници, а што е поврзано со реформската агенда – рече Гаши.

Што се однесува до седницата за реконструкција на Владата, ќе биде закажана кога предлогот ќе биде доставен до Собранието. 

Реклама

Ребалансот на Буџетот е веќе доставен во Собранието, а согласно процедурите се очекува тој да биде донесен кон крајот на јули.  

Претседателот на Собранието оцени дека средбата со неговата бугарска колешка во Софија Михаела Доцова што се одржа на маргините на состанокот на Партнерството за соработка во југоисточна Европа поминала во многу позитивна атмосфера. Тој ја поканил Доцова во официјална посета на земјава и очекува дека тоа би можело да се реализира во текот на годинава.  

– Воглавно разговаравме за соработката на нашите два парламенти, како може да ја продлабочиме соработката во процесот на евроинтеграција, како да најдеме начин да ги црпиме искуствата од бугарското зачленување во ЕУ… – рече Гаши.

За законот за соодветна и правична застапеност, претседателот на Собранието одговарајќи на новинарско прашање рече дека е избран најдобриот начин како може да се донесе еден закон.

– Законот почна како што е предвидено во деловникот и во редовна процедура. Имаше јавна расправа со сите чинители, би рекол. Исто така заседаваше и комитетот, одлучивме за потребата за носење на законот во Бадентер. Го помина првото читање, потоа законот е на комисиска расправа, се разгледуваат амандманите. Се надевам дека на почетокот на идната недела ќе биде завршена амандманската расправа и штом биде завршена, тој предлог — дали ќе биде дополнет или истиот ако не се прифати ниту еден амандман, тоа зависи од расправата во Комисијата за политички систем — тогаш ќе дојде на второ читање на пленарна седница и се надевам дека ќе се прифати од страна на мнозинството на пратеници – рече Гаши. 

За критиките на албанската опозиција, рече дека негова оценка е дека нема перфектен закон. – Но помеѓу немање закон и имање и носење на закон кој е осмислен добро, на кој се работи две години, каде е вклучена голема експертска јавност, каде што е вклучена целата јавност, каде што се изјасни и Венецијанската комисија… мислам дека ова е најдобриот начин како може да се донесе еден закон – рече претседателот на Собранието. 

​Според него, повеќето од забелешките се прејудицираат или хипотетички се поставува прашањето дека ова решение не би можело да функционира како што треба, но тој вели дека законот предвидува систем којшто ќе ја следи процентуалната и правичната застапеност на граѓаните во однос на вработувањата во јавниот сектор.

​- Јас би сакал законот да функционира перфектно, но ако има негде некоја забелешка при процесот на имплементирање на тој закон, тука сме во Собранието, ќе направиме промени. Но однапред целиот закон да го прејудицирате, мислам дека не е во ред. Јас не се согласувам со тој пристап – рече Гаши.