Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Гаши на средба со грузискиот претседател и премиер, Кавелашвили и Кобахидзе: Заедничка е заложбата за зајакнување на меѓусебната соработка

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши во рамки на официјалната посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши во рамки на официјалната посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Грузија Микаил Кавелашвили, како и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбите присуствувале и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката група за соработка со Грузија, како и заменик генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, биле истакнати пријателските односи меѓу двете земји, но била нагласена потребата за унапредување на меѓусебната соработка.

На состанокот со претседателот Кавелашвили, претседателот Гаши истакнал дека ние како држава, особено во овој мандат, сме посветени на проширување на хоризонтите и на јакнење на партнерства со држави кои, независно од тоа што не припаѓаме на ист регион, имаме заеднички интерес за соработка и градење на мостови на пријателство.

Реклама

Гаши нагласил дека имаме заедничка заложба за зајакнување на партнерството во сите области, особено во делот на туризмот и културата, каде што можеме како држави многу да понудиме.

Претседателот Кавелашвили истакнал дека Грузија силно стои на ставот дека односите меѓу двете држави треба да бидат подинамични, особено во делот на економската соработка, но и размена на позитивни искуства.

На состанокот со грузискиот премиер Кобахидзе, Гаши истакнал дека Владата посебен фокус става на надворешната трговија, со цел да се унапреди трговијата и со држави со кои досега сме имале мала трговска размена.

Двајцата соговорници заклучиле дека во услови на геополитички предизвици, унапредувањето на меѓусебните добри односи и соработка ќе претставува промоција на мирот и стабилноста за поширокиот регион.

Претседателот Гаши имал и работен ручек со заменик премиерката и министерка за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, со која разговарале за економската соработка, но и за актуелните политички и безбедносни предизвици, на регионално и на светско ниво.