Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Гаши и Варнес ја потврдија посветеноста за натамошно продлабочување на македонско-американското партнерство

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил работна средба со вршителката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска остварил работна средба со вршителката на должност амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес, на која биле потврдени одличните односи меѓу двете држави и стабилното партнерство засновано на заеднички демократски вредности и тесна институционална соработка.

Како што соопшти Собранието, на средбата соговорниците разговарале за парламентарната агенда и за актуелните институционални случувања во државата.

Притоа била нагласена важноста од ефикасно функционирање на демократските институции, зајакнување на улогата на законодавниот дом и унапредување на реформските процеси во интерес на граѓаните.

Реклама

На средбата, исто така, била потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на партнерството меѓу двете земји и за унапредување на стратешкиот дијалог, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.