Реклама

Тошковски и Дачиќ од Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

Мицкоски најави период на резултати, со реконструкцијата владината коалиција се проширува со Демократската партија на Турците

Малолетниците симнати од тротинетите – почна да функционира новиот закон за електричните тротинети

Експерти за реконструкцијата: Владината ротација носи стабилност и нова енергија

Почнува изградбата на „Лидл“ во Струмица

Нова опрема и технологија на аеродромот во Скопје – побрзи контроли и поголема безбедност на патниците

Мобилните телефони се почесто ги заменуваат картичките и готовината

Блокада на Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на СДСМ и Левица, но не се откажува од дијаспората

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа, новата енергија е ново забрзување

Изборниот законик останува заглавен во собраниските лавиринти

Коцка ќе се фрла подалеку од училиштата, нема веќе агресивни светлечки реклами: стапува на сила новиот закон

Фактура по фактура, цена по цена – се чешла работата на маркетите, нема да се дозволи богатење на грбот на граѓаните

Македонија

В понеделник на Солунското пристаниште стигаат преостанатите „Страјкери“ од САД, Мисајловски и Лефчиски ги оценија изминатите две години како успешни

В понеделеник на пристаништето во Солун треба да пристигнат преостанатите лесни оклопни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

В понеделеник на пристаништето во Солун треба да пристигнат преостанатите лесни оклопни возила „Страјкер“ од САД, кои се очекува до крајот на месецот да пристигнат во земјата, со што ќе се заокружи целиот процес на договорот со САД вреден речиси 339 милиони евра – соопшти денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На денешната прес-конференција за сработеното за време на двегодишниот мандат министерот за одбрана рече дека со САД се потпишани и договори за набавка на лесно пешадиско вооружување, беспилотни системи „Пума“ и „Равен“, опрема за киберзаштита на единиците за Лесната пешадиска баталјонска група, опрема за киберзаштита на Министерството за одбрана, опрема за JTAC за блиска воздухопловна поддршка, радиоуреди, надградба на Симулацискиот центар во Велес…

Потпишан е и договор за системи за противoклопна борба „Џевелин“, чија испорака би требало да почне в година. Министерот за одбрана потсети и дека се стигнати артилериските системи „Боран“ од сојузничка Турција, како и дел од опремата „Мистрал 3“, процес што се очекува да биде завршен до крајот на годината. 

Реклама

Со поддршка на Европскиот мировен фонд, во три пакети добиени се 40 милиони евра, а како што најави Мисајловски, најверојатно ќе има и нов пакет за Министерството за одбрана, односно за Армијата. 

Во делот на кадарот, спомена дека годинава има 1.700 апликации за прием на нови војници, а за оние што наполниле 45 години е направено ново решение со кое тие треба да останат во Армијата. 

– Почнавме процес како да им помогнеме на сите оние што навршуваат 45 години, зборуваме за војниците. Мора да ги пофалам началникот и целиот негов тим, кои направија одлично решение, кое е претставено на сите синдикати, а наредниот период ќе разговараме со сите страни за она што може да се измени и во наредниот период ќе влеземе во процес дали има потреба од измена на закон или само во делот на формацијата со цел да помогнеме сите овие луѓе да останат во Министерството. Иако и сега постојат опции да останат во Министерството, но со ова решение сакаме да бидат дел од Армијата бидејќи тие луѓе вредат и заслужуваат да останат во Армијата – рече Мисајловски.

Тврди дека се почитува колективниот договор, но најави и дека веќе се почнати преговори со синдикати за нов колективен договор, во кој ќе биде опфатено и зголемувањето на платите во Армијата.  

Во однос на буџетот, Мисајловски рече дека тој е во одлична состојба, а во делот на вложувањата во инфраструктурата, рече дека од планираните 12 милиони евра, досега се завршени проекти во висина од над 3,1 милиони евра, како што се реновирање на касарни, реконструкција на главните згради на Генералштабот, полигонот Криволак, Воено-медицинскиот центар, комплетно реновирање на амфитеатарот во Воена академија, уредување на Спомен-собата на Михајло Апостолски…

Началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лефчиски, го оцени изминатиот период како исклучително динамичен и успешен за Армијата. Во текот на минатата година припадниците на Армијата учествувале на вкупно 34 вежби, од кои осум во државата и 26 надвор од неа, а како најзначајна ја посочи вежбата „Блесок 26“ во чии рамки се реализира оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група.

– Стекнувањето со статусот mission capable или борбено подготвена е огромен успех кој е резултат на јасна стратегиска насока и напорна работа. Ова е успех што се темели на одржлив и систематски процес на планирање, подготовка, обука, опремување и модернизација на Армијата, реализиран во согласност со највисоките НАТО-стандарди – рече Лефчиски.

Началникот на ГШ, меѓу другото, ги спомена и вежбата Saber Juntion 25, реализирана минатата година во Германија, како и успешното НАТО-оценување на Борбените елементи за специјални операции, реализирано според методологијата SOFEVAL во рамките на вежбата Trojan Footprint 26.

– Сите овие резултати се јасна потврда дека Армијата е професионална, обучена, модерна и интероперабилна со сојузниците. Тоа е причината поради која нашата Армија денес е препознаена како сигурен, кредибилен и ценет сојузник во алијансата, потврдено и од страна на врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, генералот Алексус Гринкевич, за време на неговата официјална посета на Армијата – истакна Лефчиски.

Годинава, во државата планирани се вкупно 4 вежби, од кои веќе 3 се реализирани, а нашите припадници ќе учествуваат и на 26 вежби во странство. Тоа претставува континуирано вложување во борбената готовност, интероперабилноста и способностите на Армијата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: