Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Втор ден штрајк во јавниот сектор- ССМ со 21 столче пред Владата ги потсети министрите за неисполнетото ветување

Работникот си дојде по ветеното – Сојузот на синдикати на Македонија постави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работникот си дојде по ветеното – Сојузот на синдикати на Македонија постави симболично 21 столче пред Владата, повикувајќи ги министрите да ги исполнат ветувањата кои им ги дадоа за 2806 денари линеарно покачување на платите. Втор ден во штрајк се над 130 илјади вработени во  јавниот сектор откако Владата ги излажа и најде низа изговори за да не им го даде ветеното покачување на платите за сите вработени во јавниот сектор

Денеска протестираме пред Владата да побараме поддршка од 21 министер за предлогот на ССМ за линеарно зголемување на платоте за 2806 денари, но за жал не не пречекаа како за 1-Ви Мај.Тогаш кажаа дека за сите ќе има линеарно зголемување на платите со ребалансот на Буџетот, но денеска ги нема. Затоа јавно апелирам и кажувам работникот си дојде по ветеното, работникот си дојде по своето бидејќи ние немаме друг начин како да издржиме во оваа економска криза, рече Дарко Димовски Претседател на ССМ

Повиците беа попусти – никој од Владата не се појави. Додека од власта се глуви за барањата за работниците,  поддршка добиваат од опозицијата. Откако ВМРО- ДПМНЕ јасно кажа дека стои зад барањата на ССМ , на денешниот протест денес дојдоа и пратениците од Алијанса за албанците кои ветија дека ќе го дадат гласот за Амандманот со кој треба да се обезбедат пари за покачување.

Реклама

Не мислам дека не може 30 милиони евра да се најдат. Заедно со вас ќе им кажам каде можат да ги земат тие пари. Капиталните расходи се 20 отсто. Било која Влада да е за 6 месеци што останале не може 80 отсто од планираното да се реализира, што значи дека од нерализација на капиталните расходи има 30 милиони евра да се реши овој проблем, истакна пратеникот од Алијанса за Албанците Елми Азири.

Во дел од Установиве утринава имало притисоци за да се прекине штрајкот, но како што порачуваат од ССМ без разлика на тоа нема да отстапат од нивните барања.  Од друга страна дел од установите каде ингеренции има локалната власт веќе потпишуваат спогодби за покачување на платите, но тоа се уште не се случило никаде каде ингеренции има централната власт.

ССМ утре ќе протестираат пред Министерството за финансии каде ќе побараат одговори од ресорниот министер зошто не се предвидени средства во ребалансот за покачување. Прекинот на работата во јавните установи ќе продолжи и утре а од 10-11 часот вработените излегуваат пред установите за да го изразат револтот. Според правилата за штрајкот се извршуваат работи со 10 проценти од расположливиот капацитет на персонал.

Кристина Алексиеска