Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Втор ден тензична расправа за законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10

Расправата за законите кои на брза лента се туркаат во Собранието за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расправата за законите кои на брза лента се туркаат во Собранието за изградбата на коридорите 8 и 10 д ќе продолжи идната недела. Опозицијата обвинува дека не може да има суштинска дебата пред да го видат договорот потпишан со Бехтел и Енка, власта пак тактизира дека ВМРО- ДПМНЕ не дозволувале суштинска дебата.

Дали работната недела за работниците на коридорите ќе трае 60 часа и ќе работат во недела, ќе продолжи да се дебатира по Велигден. Опозицијата предупредува дека власта ретерира и сепак се обврзани за исплата на пенали доколку не се изгласаат измените. За законот кој го крена алармот на максимум кај работниците поднесени се над 1000 амандмани.

Вмро Дпмне не прави блокада. Има два суштински амандмани, едниот да се поништи 60 часа работна недела, другиот да се укине екслузивката на министерката за труд и социјална политика. Толку, кратко и јасно е , ама не гледам кај вас дека има совест и морал, затоа немој да ми се повикувате на етички кодекс, ниту на гласачи, ниту на граѓани, вели Дафина Стојаноска од Вмро Дпмне.

Реклама

Паралелно со ова започна комисијата за предлог измените за законот за минерални суровини кој е еден од осумте закони. Опозицијата и за овој предлог стои на барањето да го види договорот а , затоа што на овој начин не би знаеле за што гласаат, а пак од СДСМ уверуваат дека Законот немал ништо ново освен поместување на дел од роковите за користење материјални добра

Ако ние сакаме да разговараме за она што значи поврзани со автопат мораме да имаме увид во проектната документација. Тоа што го предлагате е суспендирање на досегашните закони, вели Здравко Трајанов – ВМРО – ДПМНЕ.

Се работи за рокови, не се работи за ново законско решение туку за скратување на оние одредби за побрзо да се направи автопатот. Рековте, а јас запишав ќе го поддржам ако се прави побрзо според Устав и закон, вели Диме  Велков – Претседател на комисија за економски

Предлагачот на овој закон пак , Арбер Адеми го повтори она што цело време го слушаме – дека проектот е историски а опозицијата била против патиштата

Ако продолжите вака да правите во секоја комисија јас јавно ќе кажам и ќе го повторам истотот. Пратениците од Вмро Дпне се против автопатот Прилеп-Битола, вели Арбер Адеми 

Собранието по скратена постапка работи за донесување на осум законски решенија по теркот на Бехтел и Енка. Доколку бидат изгласани сите предлози, работниците на коридорите ќе работат 60 часа и плус во недела, Бехтел и Енка пак ќе биде ослободена од давачки кон државата.

Кристина Алексиевска