Реклама

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Македонија

Врнежите ќе ја подобрат влагата во почвата, да се следат посевите поради можна појава на болести и штетници

Врнежите дожд што зафатија делови од државата изминатите денови, ќе придонесат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Врнежите дожд што зафатија делови од државата изминатите денови, ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата, но го зголемуваат и ризикот од појава на болести и штетници. Агрометеоролозите предупредуваат, земјоделците да ги следат посевите и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.

Ккао што велат, сувото и топло време единствено беше поволно за жетва на јачменот и пченицата која е при крај, а на некои места е веќе завршена.

-Повеќето од културите се во фаза на берба. Компирот во некои региони е во фаза на цветање, кога се јавува интензивно формирање на клубени, чиј број и големина во голема мера зависи од условите. За време на овој важен период, кај компирот е потребно наводнување, прихрана, заштита од болести штетници и плевели. Градинарските култури се во интензивен раст и имаат голема потреба за вода. Секоја култура во својот развој има критични фази за вода зашто е голема потрошувачката и секој недостиг силно се одразува на приносот. Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Виновата лоза е во фаза на интензивен пораст и е доста осетлива на инфекции од најзначајните болести (пламеница, пепелница, сиво гниење) и штетници (сив гроздов молец). Затоа кај некои сорти се препорачува поголемо внимание и претпазливост. Токму овие временски услови одговараат за појава на тие болести и штетници, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

Реклама

УХМР предупредува на поголема внимателност во случај на електрични празнења и препорачува да не се престојува под отворен простор, да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води.