Реклама

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Економија

Време е за народна буна, велат активистите против рудници во струмичко

Протести и тужби против сите кои се вмешани во скандалозната одлука со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Протести и тужби против сите кои се вмешани во скандалозната одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука„ во Струмичката котлина, најавуваат еко активистите од „Здрава котлина„. По владината одлука,  револтот кај жителите расте, а реакциите не стивнуваат. Тврдат дека ако се дозволи отворање на рудник за ископување на злато и бакар, тоа ќе значи смрт не само за котлината, туку и за зелените појаси во Грција и Бугарија.

„Тоа значи немири, протести  се додека не се врати старата одлука на Управниот суд. Оваа одлука е толку скандалозна и еден ден сите учесници ќе одговараат пред судот. Тоа е криминал  и некој мора да одговара„ изјави Костадин Ристоманов, од „Здрава котлина„ и независен советник во Советот на Општина Ново Село.

Одлуката на Владата е објавена во најновиот број на „Службен весник„ каде пишува дека е донесена одлука за спојување на концесиите за експлоатација на минерална суровина, руди на бакар и злато на локалитетот с. Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина-бакар и злато на локалитетот „Иловица„ Општина Босилово и Општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс ресорцес – ДОО Скопје. Еко активистите се децидни дека со одлуката на Владата да се спојат двете концесии и одлуката на Управниот суд  повторно на маса ја стават идејата за отворање на рудникот.

Реклама

„Невозможно е за не повеќе од 12 месеци истиот Управен суд да ја смени спротивно својата одлука. Од одлука потврдувајќи го решението на Владата за одземање на концесијата, до денешната одлука која е спротивна од претходната на истиот Управн суд, нормално со различен составна судиите, но со спротивно дејство„ објаснува Ристоманов.

Проектот предвидува над Штука и Иловица да се изгради рударска брана во висина од 276 метри за складирање на токсини. Активистите тврдат доколку истата попушти може да ја контаминира, но и трајно да ја уништи почвата и водите во целата Струмичка котлина. Струмичките активисти водат долгогодишна битка, а во 2019 тогашната Влада ,кога премиер беше Зоран Заев соопшти дека е донесено одлука за раскинување на договорот за концесија и го прикажа како голем успех и начин дека се грижи за здравјето на граѓаните. 

Александра Ристевска