Реклама

Како преживуваат гостиварци додека чекаат да се исчисти загадената градска вода?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

Македонија

„Вреди“: Меѓународниот фестивал „Чаршија“ го враќа Скопје на мапата на големи културни настани

Четири дена по ред, Старата скопска чаршија ќе биде центар на разновидни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири дена по ред, Старата скопска чаршија ќе биде центар на разновидни активности во културниот календар на земјата. Првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“ означува почеток на нова ера, каде што културата станува дел од развојот, идентитетот и меѓународната промоција на главниот град, се вели во соопштението од „Вреди“.
 
Со ангажман на реномирани институции и уметници, градиме традиција што ќе ја претвори Старата скопска чаршија во важен центар на уметноста и културата во регионот.
 
Учеството на големи имиња во уметноста, како што се Инва Мула и Дешира Ахмети, заедно со надлежните институции, докажува дека кога има визија и волја во Скопje може да се организираат настани со меѓународни стандарди. Целата оваа активност не би била можна без посветеноста на градоначалникот на Чаир, Изет Меџити кој со својата визија на Чаршијата ѝ дава динамика и нова димензија.

Ова е само почеток на традиција која ќе расте од година во година.

„Вреди“ останува посветена на тоа културата да не биде декорација на политиката, туку приоритет на развојот. Бидејќи инвестирањето во културата е инвестирање во идентитетот, туризмот, економијата и иднината на земјата.

Реклама

Настанот „Чаршија“ е доказ дека со визија, работа и посветеност се градат вредности кои траат. Овој фестивал е победа за културата, уметниците и сите граѓани.