Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

ВРЕДИ: Каде завршија деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација?

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече Дритон Сулејмани од ВРЕДИ во изјава за медиуми.

Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку документи и печати, за кои не се знае ниту кој ги потпишал.

Пред две недели поставивме сериозни прашања за овој скандал. Зборувавме за повеќе од девет милиони евра европски средства за кои јавноста сè уште нема одговор каде завршиле, за кривичната пријава на Финансиската полиција, за договорите склучени со домашни компании и за сомнежите дека во целата работа можеби биле вклучени и компании поврзани со семејниот круг на Али Ахмети.

Реклама

Побаравме да се отвори секој договор, да се провери секоја исплата и да се утврди одговорноста на сите што биле вклучени во овој проект. Сега прашањата не ги поставува само ВРЕДИ. Одговори почна да бара и Европската Унија.

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, соопшти дека ЕУ ја прибира документацијата за овој проект. Затоа веќе не е доволно да се прашуваме само каде завршиле милионите. Јавноста мора да знае и кој го пријавил проектот како завршен, врз основа на кои документи и со какво образложение.

Колку повеќе се чепка во овој скандал, толку повеќе смрди на корупција.

ДУИ 24 години ја имаше власта во свои раце. Во Кичево ја водеше Општината три мандати по ред. Токму за време на нивното владеење овој проект, финансиран со пари од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Но, канализацијата не беше завршена. Сега станува јасно и зошто.

Бараме Јавното обвинителство и Финансиската полиција да ја прошират истрагата до крај и тесно да соработуваат со европските институции.

Почитувани, Ова е вистинското лице на ДУИ. Патриоти пред камерите, а зад завесите пропаднати проекти, милиони за кои нема отчет и документација што сега ја прибира Европската Унија.

Како што рековме, Али Ахмети мораше да замине во опозиција за целиот талог да исплива на површина. Да исплива и вистината зошто Зајас, неговото родно место, остана без канализација.