Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Во Собранието продолжи комисиска расправа по предлогот на закон за соодветна и правична застапеност

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците продолжи со амандманска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците продолжи со амандманска расправа по предлогот на закон за соодветна и правична застапеност во второ читање.

Пред членовите на комисијата денеска има 31 амандман, но заради широките дискусии и образложенија, пратениците успеаја да разгледаат само три амандмани кои претставникот на Владата, првиот заменик претседател Беким Сали и министер за европски прашања, не ги прифати.

Пратеничката Рина Ајдари, предложи законот да биде дополнет и да овозможи при секое вработување во јавно тело, слободните места да се распределуваат пропорционално меѓу заедниците по пописен процент, да се избере кандидат со нејависок рејтинг, а по три неуспешни огласи, местото да се отвори за општ конкурс.

Реклама

-Со овој амандман се обезбедува мерлив механизам за пропорционална распределба, а празнината што се создава со овој закон да се исполни. Главна новина на амандманот е можноста внатре во заедницата да се мери квалитетот меѓу членовите на иста заедница, односно да се избере најквалификуваниот кандидат, појасни Ајдари и додаде дека тоа е согласно препораките на Венецијанската kомисија според која квалификациите се основен критериум за вработување.

Предложениот амандман, заменик претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали не го прифати со образложение дека предлогот на пратеничката Ајдари е во колизија со постоечкиот систем за вработување.

-Предлогот е нова постапка за вработување која не е предвидена во предлог законот. Правично вработување е уредено со институционални механизами и соодветна законска регулатива. Предложеното решение создава колизија со постоечкиот систем за вработување и не донесува дополнителни гаранции за негова реализација, појасни вицепремиерот Сали.

На денешната амандманска расправа, пратеникот од политичката партија Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, Сали Мурати побара законот да се повлече бидејќи, како што рече тој, е антиуставен, антидемократски, нефункционален и не придонесува за правичната застапеност на заедниците. 

-Во општество со длабоки структурни нееднаквости, слободниот пазар сам по себе не ги поправа нееднаквостите, туку ги продлабочува. Со предложениот закон нема механизми за подобрување, нема активна мерка, нема квота, нема квантитативен механизам кој е многу важен. Како пример на овој закон треба да послужи законот за родова еднаквост кој со квотите овозможи застапеноста на жените во институциите да биде над европскиот просек, но за жал кога се во прашање правата на заедниците нема ист пристап, односно ни се случуваат двојни стандарди во јавните политики. Сакам да порачам овој закон е антиуставен, антидемократски, нефункционален и неприфатлив за турската заедница. Нашата интеграција всушност станува дезинтеграција и на долг рок асимилација, и затоа треба да се повлече, нагласи пратеникот Мурати.

Претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов времено ја прекина седницата заради владини обврски на вицепремиерот Беким Сали и најави продолжение на амандманската расправа за предлогот на закон за соодветна и правична застапеност.