Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Во Прилеп со храна се затруле 41 работник

Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и еден вработен во прилепската компанија „Микросам“ имале симптоми на труење со храна по оброкот што го конзумирале во понеделникот. Нема хоспитализирани, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје кој заедно со Санитарниот и здравствен инспекторат и со Агенцјата за храна и ветеринарство направија увид и вонреден надзор и во компанијата и во фирмата која вршела кетеринг услуги и ја доставувала храната. 

-Факт е дека станува збор за труење со храна. Оброкот го конзумирала првата смена во компанијата „Микросам“ во понеделникот, па потоа во текот на двата дена се појавиле симптомите. Изложени на труење биле 61 вработен од првата смена, а 41 досега ги покажаа симптомите на труење. Од нив 27 побараа лекарска помош на Инфективното одделение во градската болница. Сите ги анкетиравме. Сите имаат средна клиничка слика со покачена темература, мачнини, дијареа, болки во стомакот. Засега никој не е хоспитализиран, туку добиле терапија и се на домашно лекување, објасни епидемиологот Татијана Станимировиќ од Центарот за јавно здравје во Прилеп. 

Во меѓувреме е затворена кујната во кетеринг фирмата која ја доставила храната, како и трпезаријата во компанијата каде се конзумирал оброкот.

Реклама

Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето.