Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во прилепската болница изведен прв лапараскопски зафат во Регионот

Прилепската болница ја изведе првата лапароскопска операција на ингвинална хернија (препонска кила),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилепската болница ја изведе првата лапароскопска операција на ингвинална хернија (препонска кила), со што овој зафат за првпат е реализиран во регионот. Операцијата е извршена кај 64-годишен пациент, кој е во добра здравствена состојба и од денеска е пуштен на домашно лекување.

– Техниката е врвна, се работи минимално инвазивно низ три мали отвори, со минимална траума. Се внесува поголема мрежа, се осигуруваат повеќе отвори на можни појави на други такви состојби. Пациентот е 64-годишен и од денеска е на домашно лекување по вчерашниот зафат. Ако пациентот го следи нашиот совет и во првиот период се држи до препораките, потоа тој може да очекува комплетно квалитетен живот, особено важно за спортистите кои имаат поголеми напори и без никакви проблеми – објаснува д-р Златко Јаков, специјалист по општа хирургија при прилепската болница.

Доктор Јаков, кој има искуство од работа во Германија, смета дека воопшто не заостануваме ниту со стручноста ниту со новата опрема. Благодарение на донацијата од прилепската општествено одговорна фирма „Витаминка“, тимот во болницата може да се носи и со големи предизвици.

Реклама

Хируршкото одделение изведува многу оперативни зафати и пациентите не мора да патуваат во Скопје. Екипата од седум специјалисти, пет специјализанти, три уролози со двајца специјализанти е повеќе од стручна за речиси секакви зафати.

– Ги работиме и сите видови кила, лапараскопски работиме на зафати на жолчки, од пред три години лапараскопски оперираме слепо црево и во голем дел од пациентите, околу 90 проценти не мора да патуваат во Скопје за оперативен зафат. Оперираме карциноми на дојка, а кај нас се изведуваат и биопски, објаснува Димитар Иваноски, началник на хируршко одделение при Општа болница во Прилеп.

Зафатите на искусните хирурзи им се познати и ги изведувале пред 20-тина години. Интенција е во болницата во иднина да се изведуваат и минимлни инвазивни операции на тумори.