Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Во пресрет на новата цена на струјата, МЕПСО калкулира зголемени трошоци

По државните електрани можно е и преносниот оператор МЕПСО да бара зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По државните електрани можно е и преносниот оператор МЕПСО да бара зголемување на цената на услугата што ќе влијае врз конечната цена на струјата. Ова за медиумите го потврди првиот човек на компанијата Орхан Муртезани. Засега не открива за колкаво покачување би станувало збор. Според него, потегот на Македонски Железници Транспорт кои сега немаат снабдувач и влечат струја од МЕПСО немало да предизвика дополнителни загуби за фирмата, бидејќи сметките ќе биле наплатени.

„Откако ќе добиеме формална најава дека ќе се врши промена на цената МЕПСО ќе ги направи сите пресметки и навремено ќе бидат доставени до Регулаторната комисија. Ако пресметките покажуваат дека треба да се зголеми преносната тарифа на МЕПСО, секако дека ќе побараме“ – рече Муртезани.

Премиерот повторно смирува. Ценовен шок за граѓаните ќе немало. Цените што биле понудени дури овозможувале намалување на цената кај малите потрошувачи. Ковачевски не кажува со која сума финансиски ќе се интервенира за да се надомести разликата меѓу поголемата производна цена на ЕСМ од 73 евра за мегаватчас и понудената од 56 евра. Само напомена дека во буџетот за следната година се предвидени 250 милиони евра за оваа намена. Колку пари ќе се искористат како субвенција кон државните електрани ќе се знаело откако ќе се направат финалните калкулации.

Реклама

„На крај кога ќе бидат финалните калкулации за производството на електрична енергија, движењето на цените на суровините коешто се прави на месечно ниво, тогаш ќе може да се каже и колку ќе биде финалната субвенција на државата која што ќе ја даде на ЕСМ со цел да овозможи пониска цена на електрична енергија за граѓаните. Инаку од она што го имаме досега во 2022 година, Северна Македонија е држава којашто најдобро ја помина енергетската криза, односно најуспешно се справи од сите земји во регионот“ – рече Ковачевски.

Засега се знае дека АД ЕСМ понуди за 16% повисока цена на струјата на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ. Сегашната цена од 48 евра за мегаватчас се зголемува на 56 евра. Затоа пак државните електрани понудиле пониска цена, односно 110 евра за мегават час наместо досегашните 143 евра за потребите за технички загуби во системот на Електродистрибуција. Конечниот збор ќе го има Регулаторната комисија за енергетика која треба да ја определи новата цена што ќе важи во првите 6 месеци од 2023-та. Сметките секако ќе бидат повисоки бидејќи ДДВ за струјата се зголемува од 5 на 10%. Годинава електричната енергија во два наврати поскапе за вкупно 17%. Се воведоа блок тарифи според потрошувачка, но и се укина евтината дневна тарифа.

Тања Попова