Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во Кина издадена научната монографија „Теорија на писмото: типови, структура и промена“ од Игор Радев

Неодамна во Пекинг беше објавена научната монографија Теорија на писмото: типови, структура…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неодамна во Пекинг беше објавена научната монографија Теорија на писмото: типови, структура и промена од Игор Радев. Ова, како што наведува  Радев, е веројатно прво дело од македонски автор напишано на кинески јазик и издадено во Кина.

-Изданието на над 350 страници беше објавено од страна на реномираната издавачка куќа за научна литература Чжонгхуа шуџју (中华书局) и е поддржано од програмата за издаваштво на Центарот за меѓународна јазична соработка при Министерството за образование на Н.Р. Кина (教育部中外语言交流合作中心). Во книгата е понуден нов концептуален апарат за разбирање на феноменот на писмото, којшто се базира врз реинтепретација на аристотелијанската теорија на четирите причини, а како резултат изложен е и повеќепараметарски модел за класификација на писмата. Воедно е развиена и теоретска рамка, со чија помош се објаснуваат типолошките својства на разните видови писма и нивната еволуција преку постулирање на динамична спрега помеѓу т.н. „економичност на воспримање“ и „економичност на продукција“ на писмото во сооднос со морфолошките и фонолошките особини на кодираниот јазик, наведува авторот.

Особено внимание е посветено на прашањето на структурата од формален и функционален аспект на пишаните знаци кај писмата од различен тип.

Реклама

-При тестирањето на хипотезите што се содржат во монографијата обработен е обемен материјал од компаративна природа со пособен фокус на: примери кога едно писмо преминува јазични граници, како што е случај со кинеското писмо при неговата адаптација за бележење на корејскиот и јапонскиот јазик; одразувањето на морфолошките и фонолошките промени на даден јазик врз правописот, со подробен осврт во овој контекст на историјата на грчкиот и англискиот јазик; случаи кога нови писма се создавани од страна на необразувани, односно самоуки лица, како што се писмата бамум и ваи од Западна Африка, писмото на Чeроките од Северна Америка, или т.н. писмо на Каролинските острови од Пацификот,…, информира Радев во објавата за книгата.