Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Во завршна фаза изградбата на спортската сала „Џексон“ во Штип

Во финална фаза е изградбата на Спортскиот рекрекреативен центар (СРЦ) „Џекосон“-Штип, информираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во финална фаза е изградбата на Спортскиот рекрекреативен центар (СРЦ) „Џекосон“-Штип, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот Иван Јорданов. Посочи дека Штип добива нов современ спортски храм во самиот центар на градот, а како што рече „нешто кое е потреба со години наназад во градот“.

-Морам да потенцирам дека она кое што се планира во деновите и неделите кои следуваат да се заврши во овој спортски храм е практично да се завршат сите сегменти во спортската сала кои се однесуваат на поставување на современа опрема, поставување на едни модерни реквизити кои се предвидени во рамки на спортскиот објект. Ова е спортски храм во кој што ќе се одвиваат најквалитетни натпревари во сите најсилни лиги на кошарка, на одбојка – вели Јорданов. 

Тој додаде дека во оваа спортска сала ќе има и одлична можност за организација на настани во боречки спортови, по што Штип е препознатлив. Но и мултифункционална сала која ќе користи за одржување на различни настани, манифестации и концерти.

Реклама

​- Вкупниот капацитет на салата е нешто повеќе од 1.300 посетители во еден ист момент да можат да ги следат натпреварувањата во рамки на спортската сала. Она кое што сакам да го потенцирам е дека очекуваме кон крајот на месец август и официјално да се отвори овој спортски храм и практично да има можност од следната натпреварувачка сезона и од следната календарска сезона во Штип да се одржуваат различни спортски настани, различни спортски манифестации, но и манифестации од сферата на културата, затоа што ова може да биде една одлична концертна, концертна сала – подвлече Јорданов.

​Наредните денови се очекува да се завршат сите предвидени финални фази на бележење на паркетот, поставување на сите елементи во рамки на спортската сала, кои се по ФИБА стандарди и со тоа навистина овој спортски храм да го добие финалниот изглед кој ќе биде еден навистина убав, модерен, современ спортски центар. ​Овој капитален проект за градот чини повеќе од 2 милиони евра, а средствата  се обезбедени од буџетот на Република Македонија и буџетот на општина Штип.