Водата од Крушевскиот водовод може да се пие. Агенцијата за храна и ветеринарство ја повлече забраната откако ги добија резултатите од Прилепскиот центар за јавно здравје. Третиот и последен последователен примерок за испитување покажал дека водата ги исполнува условите од Правилникот за безбедна вода за пиење и во неа има законски пропишано количество на резидуален хлор. Од Центарот за јавно здравје од Прилеп воедно предупредуваат дека сепак крајпатните чешми во Крушево не се за употреба.