Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар

Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче да каже дали го поддржува ставот на Лимани дека нема морална одговорност за скандалот со водата и да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. Филипче со компромитираните кадри околу него, нема кредибилитет да бара одговорност за Гостивар. Венко Филипче собира дневнополитички поени врз грбот на граѓаните на Гостивар, ширејќи шпекулации, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче даваше огромна поддршка  и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани, градоначалник на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата.

Дали Венко Филипче го поддржува тој став на Лимани кој без срам и образ вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија?

Реклама

Со ликови со криминално минато и богато полициско досие, како Зоран Трифуновски, СДСМ нема кредибилитет да морализира за скандалот во Гостивар. Сомнителни ликови со криминално минато, како организацискиот секретар Зоран Трифуновски, се во првите редови во СДСМ.

Особено е несфатливо што Венко Филипче држи лекции за функционирањето на здравствениот систем, имајќи предвид дека како министер за здравство имаше бројни скандали кога десетици илјади луѓе умираа од корона, а тој мислеше само на провизиите од вакцини.

Додека надлежните институции постапуваат, вршат контроли и ја утврдуваат фактичката состојба, Филипче однапред носи пресуди, пласира сценарија за нови епидемии и се обидува да создаде паника кај граѓаните.

Наместо политички конструкции и обиди за манипулација, институциите треба да се остават професионално да ја завршат својата работа. Сите наоди и резултати ќе бидат соопштени транспарентно, врз основа на факти и стручни анализи, а не врз основа на политички квалификации.

Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички маркетинг на СДСМ.