Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, наведува  ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски закони, претставува најзначаен резултат од реформскиот процес.

Со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и квалитетни услуги за граѓаните.

Реклама

Владата посветено работи и на унапредување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што во партнерство и конструктивен дијалог со синдикатите, преку колективните договори, се постигна историски договор за континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година.

Овие преземени мерки претставува силна потврда дека реформите не се само нормативни промени, туку конкретни политики кои директно придонесуваат за подобрување на стандардот, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна определба, јавната администрација да не биде бирократска пречка, туку ефикасен, транспарентен и достапен сервис за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на спроведување на реформите кои обезбедуваат стабилен, функционален и европски ориентиран јавен сектор, во интерес на сите граѓани и на развојот на државата.