Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM да престане да измислува непостоечки финансиски проблеми и да им се извини на граѓаните за последиците кои ги остави зад себе

СДСM повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и бројки. А фактите се јасни, министерката за финансии во ниту еден момент не кажала дека нема средства за плати, пензии или социјални надоместоци. Ова е уште една груба манипулација и свесно извртување на кажаното, наведува  ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Напротив, податоците од реализацијата на Буџетот покажуваат дека приходите се остваруваат согласно планираното, јавните финансии се стабилни, а ребалансот се прави заради новите економски околности, новите законски обврски и обезбедување дополнителни средства за развој, капитални инвестиции, земјоделство, општини и социјална заштита. Обезбедувањето средства за непречено исполнување на сите законски обврски не е знак на криза, туку доказ за одговорно управување со јавните финансии. За разлика од времето на СДСM, кога граѓаните беа оставени да се справуваат со рекордна инфлација, раст на долговите и пад на животниот стандард, денес државата има јасен план, стабилен Буџет и економија која расте. Иронијата е што токму СДСM денес зборува за економија. Истата партија која зад себе остави рекордна инфлација од 14,2 проценти во 2022 година, една од највисоките во историјата на државата, која го урна животниот стандард на граѓаните.

 Истата партија за чие владеење буџетскиот дефицит во 2020 година достигна 8 проценти од БДП, а јавниот долг за неколку години порасна од 4,8 на над 8,5 милијарди евра. За време на владите на СДСM, просечниот економски раст во периодот 2017-2023 година изнесуваше само околу 1,8 проценти, додека денес економијата повторно е на патека на раст. Во 2024 година растот достигна 3 проценти, во 2025 година 3,5 проценти, а и годинава економијата продолжува да расте, во првиот квартал годинава реалниот раст на БДП изнесува 3,1% Фактите покажуваат и дека растат странските директни инвестиции, растат платите, невработеноста се намалува, а довербата во македонската економија се зголемува. Тоа се резултатите. А резултатите не можат да се сокријат со партиски соопштенија исполнети со навреди и измислици. Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСM е очигледна. Додека СДСM зад себе остави висока инфлација, рекордни дефицити и економска неизвесност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува стабилни јавни финансии, редовно сервисирање на сите обврски кон граѓаните и капитални инвестиции со ребалансот на Буџетот од околу 46 милијарди денари. Оттука, наместо СДСM да шири паника и да измислува непостоечки финансиски проблеми, подобро е да им се извини на граѓаните за економските последици што ги остави зад себе. 

Реклама

Граѓаните добро паметат кој ја донесе рекордната инфлација, кој ги зголеми долговите и кој ја остави државата со слаб економски раст. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да води политики што носат економски раст, финансиска стабилност и повисок животен стандард за граѓаните, наместо политики на манипулации и празни политички соопштенија. СДСM со години ја гради својата политика врз ширење страв и лажни сценарија. Прво тврдеа дека државата ќе банкротира во 2024 година, потоа во 2025 година, а денес повторно ја шират истата невистина. Фактите се поинакви, економијата расте, Буџетот е стабилен, капиталните инвестиции се реализираат, а сите обврски кон граѓаните се исплаќаат редовно. Граѓаните одамна ја препознаваат разликата меѓу политиката на манипулации на СДСM и политиката на резултати што ја води Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.