Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не поддржа ниту еден закон од Реформската агенда, очекуваме да ги остават политичките амбиции на страна, станува збор за интересите на државата и граѓаните

Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2024 и 2025 година беа направени значајни чекори во спроведувањето на Реформската агенда, кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на ЕУ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Европските институции го препознаваат напредокот на Македонија и затоа и оваа година Македонија ќе биде лидер во регионот по Планот за раст.

СДСМ не гласаше ниту за едно од законските решенија што се дел од Реформската агенда.

Реклама

Не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за административни службеници, законите од образованието, ниту еден од законите за дигитализација.

Иако имаа 7 години да ги донесат реформите, не го направија тоа, а сега, без разлика што тие реформи значат многу за Македонија и за македонските граѓани, одлучуваат да прават опструкции.

Филипче и СДСМ треба да им објаснат на граѓаните зошто не ги поддржуваат овие реформи, кои произлегуваат директно од ЕУ, и што за нив значи европскиот пат. Се однесуваат како да имаат подобри планови од самата ЕУ, а со таквиот пристап остануваат единствени во Европа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и ќе ги донесе сите реформи преточени во законски решенија кои се потребни во предвидениот рок.

Од СДСМ очекуваме да покажат конструктивност, да ги остават дневнополитичките агенди настрана и конечно државниот интерес да го стават пред сопствените политички амбиции.