Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Реформите кои ги спроведува Владата со дигитализацијата даваат резултати, крај на бирократијата и ефикасни институции во корист на граѓаните

Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk граѓаните добиваат можност да ги завршуваат административните постапки без непотребно чекање по шалтери. Тоа е само почеток на процесот кој мора да продолжи со уште посилно темпо.

Паралелно, се работи на усогласување на законодавството со европските стандарди, со што македонските граѓани ќе можат да ги користат придобивките од иницијативата „Роаминг како дома“ при патување во земјите од Европската Унија, без дополнителни трошоци за комуникација.

Реклама

Реформската агенда останува врвен приоритет. По најобемниот пакет закони донесен во 2025 година, реформите продолжуваат со уште посилен интензитет.

Македонија веќе обезбеди 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација, средства кои мора да се претворат во конкретни услуги и подобар животен стандард. Истовремено, бројот на центрите за услуги е значително зголемен, со што институциите стануваат подостапни за граѓаните низ целата држава.

Посебен фокус се става и на развојот на вештачката интелигенција преку Националниот центар „Везилка“, со цел развој на македонски јазични модели, заштита на културното наследство и изградба на доверлив национален систем за примена на вештачката интелигенција во согласност со европските стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да стави крај на спорите, нефункционални и скапи административни процедури. Дигитализацијата значи помалку бирократија, помалку трошоци и повеќе време за граѓаните.

Разликата е јасна, наместо празни ветувања и изгубени години како во минатото и владеењето на СДСM, денес се градат системи кои носат реални резултати. Целта е институциите конечно да работат брзо, транспарентно и во интерес на секој граѓанин.