Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети,наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати.

Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026.

Реклама

„Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра.

Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица.

Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице.

Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија.