Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДСM, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДСM, ДУИ и Арбен Таравари во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДСM, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа.

Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, меѓу кои и деца со симптоми на труење побарале лекарска помош во болница, а според сомнежите, причина за тоа е загадувањето на питката вода во Гостивар.

Реклама

Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДСM, ДУИ и Таравари, на ваков непрофесионален, аматерски и незаконски начин ги извршуваат работните активности за кои граѓаните ги избрале.

Ваквиот начин на водење на локална самоуправа, кој граѓаните ги остави без елементарно право на чиста и безбедна вода за пиење, е доказ дека СДСM, ДУИ и Таравари немаат капацитет да ја водат општината.

Во овие неизвесни моменти, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со гостиварчани, го осудува овој скандал во Гостивар и изразува загриженост за здравјето и животот на граѓаните.

Граѓаните заслужуваат достоинствени услови за живот и тоа го очекуваат од нивните локални избраници, а не да живеат во страв поради неодговорното владеење на СДС, ДУИ и Таравари.

Бараме и очекуваме целосно расветлување на случајот од страна на сите надлежни институции и повикуваме секој кој со своите постапки го загрозил здравјето и го ставил во опасност животот на граѓаните, да одговара согласно закон.