Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДСM сакаат да се компромитира истрагата за Гостивар за да нема одговорност

Изгледа СДСM не знаат што е истрага и доверливост на информации, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изгледа СДСM не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси се токму такви, штом толку упорно инсистираат за тоа, наведува  ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Јасно е пропишано со закон во која фаза од истрагата, кои информации се споделуваат со пошироката јавност.

Но, имајќи предвид дека во Гостивар СДСM се коалиција со ДУИ и Таравари, многу е веројатно да сакаат истрагата да се компромитира, за одговорноста да не ги стигне најодговорните за скандалот со вода за пиење.

Реклама

Тие се навикнати одговорност за криминалите да не сносуваат, како што не сноси ни Венко Филипче за модуларната во Тетово, како што немаше одговорност ниту за Беса Транс, ниту за Дурмо Турс.

Тоа време е минато, сите институции активно и посветено работат на целосното расветлување на случајот и на откривање на сите одговорни, додека Владата останува со гостиварци и ги презема сите мерки за нормализирање на ситуацијатa.