Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделството не е веќе запоставен сектор, Владата успеа за половина мандат да испорача конкретни резултати 

Секторот земјоделство беше еден од најзапоставените сектори што ги наследи актуелната Влада,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот земјоделство беше еден од најзапоставените сектори што ги наследи актуелната Влада, нерешени предмети кои директно влијаеја врз егзистенцијата на земјоделците. Најголем проблем кој го остави претходната влада беа субвенциите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Кај производителите на млеко имаше неисплатени субвенции за период од околу година и пол, а над 1600 вработени во ЈП Национални шуми беа оставени без плати повеќе од 4 месеци, како и без здравствено и пензиско осигурување.

Најважната обврска, која Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја реализираше беше токму исплаќање на субвенциите, а за две години исплатени се над 15 милијарди денари субвенции, додека во првите месеци беа исплатени околу 4 милијарди денари заостанати средства.

Реклама

Субвенциите во сточарството се зголемија за 50% и се укина непотребната бирократија со двојно пријавување, со што се спречи 7000 земјоделци да останат без финансиска поддршка.

За производителите, се зголеми откупната цена на тутунот и се донесе методологија за пресметка на производна цена на винско грозје. Резултатот беше највисоки откупни цени за лозарите и зголемување од 25%

За младите земјоделци беа одобрени 117 проекти со финансиска поддршка од 69 милиони евра, а за промоција на македонското земјоделство  се склучија 57 договори во вредност од 34 милиони денари за набавка на специјални комбајни за ориз и мини сушари.

За две години, Владата комплетно ја промени и подобри состојбата во овој сектор. Земјоделското производство бележи раст, а минатата година извозот на земјоделски производи и преработки достигна 417 милиони денари, со суфицит од 215 милиони евра.

Зголемено е производството на овчо млеко, кравјо млеко, на свинско месо, и со ова се задоволува количината која е потребна за домашниот пазар.  Исто така минатата година се произведоа и откупија околу 300.000 тони пченица.

Од сектор кој беше запоставен, земјоделството денес е сектор во кој повторно се инвестира, а се создаваат и услови за развој. Преку навремена финансиска поддршка, намалување на некои административни пречки и мерки насочени кон зголемување на производството и конкурентноста, Владата покажа дека земјоделците се приоритет. Овој пристап ќе продолжи и во иднина, за да се обезбеди стабилно и одржливо земјоделство и подобар животен стандард за секој еден земјоделец во земјава.