Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: За случувањата во Гостивар СДСМ правилно да ја лоцира одговорноста и да побара оставка и кривична одговорност од Лимани

Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДСМ, кои со настаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не не чудат лицемерието и двојните аршини на СДСМ, кои со настаните во Гостивар повторно излегоа на површина. СДСМ недела дена креира хаос во јавниот медиумски простор, со цел креирање заблуда кај граѓаните за надлежностите и вистинските одговорни лица за загадената вода во општина Гостивар, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Водоводните системи и контролата на квалитет на водата за пиење е под надлежност на локалната власт и тоа СДСМ многу добро го знаат.

Затоа ги прашуваме, како на СДСМ до сега не им текна да бараат оставка и кривична одговорност за случувањата во Гостивар од градоначалникот Валбон Лимани, како најповикан и најодговорен за целата ситуација.

Реклама

Или пак, двојните аршини повторно стапија на сила кога се работи за нивни кадри, лица блиски до СДСМ или пак поддржани лично од претседателот на партијата, Венко Филипче.

Затоа што, Филипче на последните локални избори силно го поддржаа и ги повика, и така малку останати членови и симпатизери, на СДСМ да го поддржат Лимани, за на тој начин да станат дел од локалната власт.

Или сега дојде тешкото, па СДСМ се прават како да имаат амнезија.

Ако сакаат СДСМ да повикаат на одговорност за Гостивар, ги упатуваме одговорноста да ја лоцираат онаму каде што се наоѓа, а тоа е во нивните редови и во луѓето кои силно ги поддржаа.