Реклама

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Единствениот кец во ракавот на Филипче е попустливоста кон официјална Софија

Венко Филипче нема политичка стратегија, визија, ниту план за развој на државата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче нема политичка стратегија, визија, ниту план за развој на државата. Единствената политика која што ја нуди Венко Филипче и СДСМ е попустливиот пристап кон официјална Софија, сметајќи дека само така може да дојде на власт, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија има јасна и принципиелна позиција за европската интеграција. Намерата на Македонија не е само формално отворање на преговорите со Европската Унија, туку нивно успешно завршување без нови уцени, блокади и дополнителни условувања од официјална Софија.

Ова не е само став на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, туку позиција која ја споделуваат и бројни меѓународни претставници, кои јасно предупредуваат дека не може една држава да прави отстапки без гаранции, дека процесот нема повторно да биде злоупотребен.

Реклама

Ова им е јасно и на многу истакнати меѓународни чинители. Тие ставови ги слушнавме викендов во Дубровник на меѓународниот собир, како јасно потенцираат дека е несериозно да се врши притисок врз Македонија да прифати правила, во конкретниов случај вклучување на Бугарите во Уставот, без притоа да има јасна гаранција дека Софија нема да има други барања кон државава во врска со идентитетски прашања на нејзиниот пат кон ЕУ.

За разлика од државничката политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче и СДСМ повторно ја нудат истата матрица на безусловни отстапки. За нив не се важни националните интереси, туку единствено враќањето на власт, дури и по цена на нови понижувања за Македонија.

Филипче очигледно верува дека попустливоста кон официјална Софија е неговата магична формула за политички камбек. Но граѓаните веќе еднаш ја видоа таа политика и јасно ја отфрлија.