Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

ВМРО ДПМНЕ го откри „броилото“ на Ковачевски: Премиерот му делел бизниси на кумот и свртеле милиони евра

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов во соларен бизнис „…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов во соларен бизнис „ свртеле“ 26 милиони евра – Аферата која опозицијата ја нарече „Броило“, покажува дека  фирмите на Ковачевски  и неговиот кум во бизнисот со соларна енергија, изминатите неколку години од државната каса „исцицале“ 1,8 милиони евра, а Премиерот, пак,  ја искористил неговата претходна функција како заменик министер за финансии, за фирмата на неговиот кум да склучи договор  со ЕВН за поставување на  фотоволтаици во вредност од над 2 милиони евра.  

. „Пиксел груп“, фирма основана од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата „КМГ ЕОЛ Квазар“, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра! Во соларниот картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на „Пиксел груп“, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани. Еве доказ за тоа – фотографија од отворањето на фабриката, на која се гледа како кумовите Ковачевски-Паунов прославуваат свечено отворање на фирмата со торта. Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1,8 милиони евра, рече на прес- конференција Пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ , Миле Лефков.

И ова не е се. Ковачевски и кумот ќе влезат и во нова инвестиција. Пред месец и половина „Пиксел груп“ најавила дека ќе инвестира 54 милиони евра  во производство на соларни панели во индустриска зона во Тетово.  Всушност, инвестицијата ќе ја прави фирмата „Ае Солар Ад Тетово“ која е заедничка на „Пиксел груп“  и фирма од Бугарија, а еден од назначените извршни директори е токму кумот на Ковачевски, Горан Паунов.  Покрај тоа што во овој бизнис, инвеститорите се ослободени од даночни и царински давачки, најверојатно е дека ќе им следи и државна помош.

Реклама

Инвестицијата на „Пиксел груп“ треба да биде 21.6 милиони евра, соодветно на процентот на учество. Со тоа, Ковачевски како премиер ќе му потпише договор за државна помош на кумот Горанчо Паунов како извршен директор на фирмата, во која 40 отсто од сопственоста е на „Пиксел груп“, основана заедно со Ковачевски.  И сето ова се случува во период откако друга бугарска фирма најави инвестиција во ФЕЦ Осломеј, каде државата е партнер со 18.5 отсто. Па оттука се поставува прашањето дали панелите произведени во фабриката во Тетово ќе завршат во ФЕЦ Осломеј, каде државата е застапена со 18.5%?, додава Лефков

ВМРО – ДПМНЕ предупредуваат дека на овој начин соларниот картел ќе го монополизира пазарот на фотоволтаични панели, и сиот профит ќе го земат тие. Ова е првата фаза од аферата „Броило“. Опозицијата го повикува Премиерот јавно да признае и сам да раскаже се, во спротивно тие секако во деновите што следат, ќе ги објават и останатите детали од скандалозната аферата.

Кристина Алексиеска