Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките потврдуваат дека Владата веќе две години неуморно работи да го подобри секторот земјоделство

Во изминатите две години, откако Владата го стабилизира секторот земјоделство, приоритет станаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатите две години, откако Владата го стабилизира секторот земјоделство, приоритет станаа капиталните инвестиции, модернизацијата и изградбата на институција која функционира, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Затекнати беа блокирани проекти како кредитот од германската KfW банка од 80 милиони евра кој стоеше нереализиран пет години, а кредитот од Светска банка за модернизација на земјоделството имаше реализација под 10%. Денес, изградбата на логистичко-дистрибутивен центар во Скопје е во тек и ќе заврши до крајот на 2027 година, а во Струмица се подготвува Центар за сортирање и складирање. Воведен е дигитален систем за управување со земјоделско земјиште, склучени се над 2.100 договори за околу 6.000 хектари државно земјиште, а дополнителни 2.000 хектари се ослободени и наскоро ќе бидат достапни за земјоделците.

Во водостопанството, минатата година беа обезбедени 132 милиони денари поддршка. По шест децении, езерото Младост е исчистено, а површините под наводнување пораснаа од 14.000 на 17.700 хектари. Отклучени се и проектите за браните Конско и Речани, хидросистемот Равен-Речица, системите за наводнување Колибари, Сарај и Турија, проектот Злетовица, обезбедени се европски средства за Сопот и Новаци, а Страиште и Пепелиште се активни.

Реклама

Шумарството премина од загуба во профит од 10 милиони денари, со нов дигитален систем за следење на ресурсите. Склучени се 71 нови договори за концесија на ловишта, а по долг застој, Охридското Езеро е порибено со околу еден милион единки охридска пастрмка. Подготвени се нови закони за земјоделско земјиште, земјоделство и рурален развој, уредување на пазарите и шумите, како и револвинг фонд за откуп на земјоделски производи.

Од проекти кои со години стоеле во место, денес има активни градилишта и инвестиции, со конкретна придобивка за земјоделците и за сите граѓани. За земјоделците тоа значи сигурност и подобри услови, а и бројките зборуваат сами за себе. Ова е политиката на ВМРО-ДПМНЕ и ќе продолжиме уште поактивно и попосветено.