Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Економија

Власта нема да даде линеарно покачување на пензиите, пензионерите гневни се закануваат со обнoвување на протестите

Владата ги одби пензионерите . Нема линеарно покачување на пензиите. Извештајот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги одби пензионерите . Нема линеарно покачување на пензиите. Извештајот од работните групи ќе биде доставен до крајот на оваа недела, но во него нема да биде главното барање на пензионерите. Додека Тренчевска се фали дека обезбедувала и се грижела за нив , пензионерите се револтирани , велат со покачувањето од 5.3 % не добиле ништо и повторно ќе излезат на улица . Тренчевска се правда дека не можело да се покачат пензиите линеарно оти морало да се чува стабилноста на фондот за пензиско осигурување .

Додека нашите пензионери на улица бараат покачување , земјите во регионот  кои и онака во главно  котираат подобро од нас ги покачуваат пензиите и дополнително дел од нив преземаат дополнителни мерки .

Во Црна Гора пензиите ќе бидат покачени за 5 отсто, со што минималната пензија од октомври е околу 18 илјади денари . Минималната пензија во Босна и Херцеговина е околу 17 илјади денари, што значи дека од август има покачување за околу 1500 денари кога изнесувала  15.500 денари

Реклама

 Во Србија  покрај покачувањето најавено е дека сите пензионери од 25 ноември до 5 декември ќе добијат по 20.000 динари, или околу 10 илјади денари.  А ново зголемување на пензиите во соседна Србија е наајавено за јануари и тоа од 14,6 отсто.

Пензиите ги покачија и во Албанија  , премиерот Еди Рама најави дека сите пензии ќе бидат покачени за 8,6 отсто,  со што  просечната пензија  ќе се зголеми на 18.794 денари, а дополнително е најавен бонус од околу 5.000 леќи на крајот на годината .

ДРЖАВА                                                                МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА    

Црна Гора                                                                                          18.235 денари

Босна и Херцеговина                                                                      16.932  денари

Србија                                                                                                 11.450  денари

Македонија                                                                                         13.162.5  денари     

Според методологијата за раст на пензиите , од вчера пензионерите во Македонија добиваат повисоки пензии од 5,3 отсто, наместо проекциите на Владата за најмалку 6 отсто зголемување . Пензионерите бараат линеарно покачување за сите од најмалку 3500 денари или минималната пензија да е 18 илјади денари .

https://www.youtube.com/watch?v=Mx7O3J0f1i0

Кристина Алексиеска