Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Владата контра статистика – за коалицисики мир „Балансерот“ напумпан и со дијаспората

Владата не отстапува од својот „Балансер“. И покрај забелешките од Државниот завод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата не отстапува од својот „Балансер“. И покрај забелешките од Државниот завод за статистика, во пресметките за вработување во јавната администрација ќе влегува и населението кое живее во странство повеќе од една година.  Ова значи дека иако во Македонија живеат 24,3 отсто албанци, ќе се вработуваат 29,52 отсто според бројките од Пописот како вкупно резидентно и нерезидентно население.  Министерот за информатичко општество и администрација, тврди дека методологијата на пресметка била иста како во 2015 година.  Според Алити , алатката се злоупотребувала во последно време и заради тоа се подготвува законска измена за Балансерот.

„Тоа значи дека кандидатот кој ќе аплицира за одредена работа, откако еднаш ќе селектира националност Македонец, Албанец, Турчин или друга националност, истата нема да може да ја промени, како што е ситуацијата со ЕМБГ, што не може да се промени. Во однос на методологијата процентот останува ист како во 2015- та година , и тогаше се вклучуваше и резидентно и нерезидентно население, вели Алити

Власта упорно го турка планот и покрај фактот дека јавната администрација е пренатрупана и партизирана.Тоа го признава и ресорниот министер кој тврди дека бил свесен за состојбите, но очекувал со законски измени работите да се променат. Во постоечката законска рамка им се давало можност на политичките партии да вработуваат нивни послушници. Со новите Закони за вработени во јавниот сектор и Законот за административни службеници кои денеска беа на јавна расправа ќе се дојдело до потранспарентнен начин на вработување:

Реклама

„Постојат ситуации каде без тестирања и без соодветни документи можеа да се вработат лица во јавен сектор. Тоа ние сега сакаме да го коригираме. Доколку ги видите членовите од законите сега, ќе видите дека и процесот на вработување сега е многу потранспарентен и навистина има мерит систем при вработувањето“, додаде Алити.

И додека Владата уверува дека треба да се почитува балансерот, токму Министерството за политички систем и односи меѓу заедници кое е задолжено за тоа не го почитува. Од вкупно 404 вработени во оваа институција 52,74% се Албанци,  37,62% се Македонци, а од останатите, 4,21% се Турци, 2,23% се Роми и 1,24% Бошњаци.

Ако се соберат бројките од резидентното и нерезидентно население во Македонија 54,21 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 отсто се Турци, 2,34 отсто се Роми, 1,18 отсто се Срби, 0,87 отсто се Бошњаци и 0,44 отсто се Власи.

Кристина Алексиеска