Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна, внимавајте што јадете, каде пазарите и како ги чувате продуктите

Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење.

Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при набавката, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување, како и да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и за складирањето.

Се препорачува да се купува храна од проверени местам во кои производите, особено лесно расипливите од животинско потекло, се чуваат во разладни уреди.

Реклама

– Да се избегнува купување храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна, како месото, млекото и јајцата, да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се избегнува купување разладена или замрзната лесно расиплива храна, која се чува надвор од ладилник или замрзнувач. Разладената храна да се чува на температура пониска од 5 степени, а храната што треба да се зготви термички да се обработи на темпeрaтура повисока од 60 степени. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодачи и од домашните миленичиња и другите животни, кои може да дојдат во контакт со неа – се само некои од препораките на АХВ.

Ако се јаде во угостителските објекти, АХВ укажува тоа да бидат оператори со храна што водат сметка за хигиената и за безбедноста на храната и кои имаат добра репутација.

– Во објектите за брза храна избегнувајте ги додатоците што не стојат во ладилник, како што се мајонез, кечап, крем-салати, сосови, преливи… Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја – истакнуваат од АХВ.