Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Ветерот бил со брзина на ураган: Во Штип достигнал до 134 километри на час, во Скопје до 130 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи, врз основа на податоците од националната мрежа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за хидрометеоролошки работи, врз основа на податоците од националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, регистрираше дека за време на бурата во Македонија имало ветер со брзина на ураган.

Имено, во Штип ветерот достигнал до 134 километри на час, додека во Скопје максималниот удар бил со 130 километри на час. Од 47 мерни места за ветер, олуја и олуен ветер со брзина до 88 км/час е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина до 102 км/час на 6 мерни места, додека оркан или ураган со брзина над 118 км/час е регистриран на 3 автоматски метеоролошки станици. На останатите мерни места е регистриран ветер со јачина под 62 км/час.

Оркан, односно ураган, според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118 км/час. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значителни штети во пошироки размери.

Реклама