Реклама

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Македонија

Бојковска: Блокадата на Изборниот законик од СДСM, ДУИ и Левица доаѓа во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ

Блокадата на Изборниот законик, во суштина е блокада на самата европска агенда,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Блокадата на Изборниот законик, во суштина е блокада на самата европска агенда, на се што значат подобри европски вредности за нашите граѓани. Тука не се работи само за добивање на средства, кога зборуваме за реформската агенда, туку тука зборуваме навистина во суштина за подобри решенија на нашите граѓани. Во концептот и тоа е всушност и реформската агенда, да ги приближи нашите граѓани до европските вредности, но еве повторно, за жал, од страна на опозицијата, не само од Социјалдемократскиот сојуз, туку и од Левица и од ДУИ е предмет на, за жал, политичка дискусија, да се сведе на дневно политички теми. Јас морам да кажам дека како Влада и како парламентарно мнозинство со коалицијата бевме навистина конструктивни и кажавме дека се она што ќе побараат од опозицијата би прифатиле, со оглед на тоа што и неколку пати во рамките на парламентот беа направени работни средби, но еве рокот веќе до 15 јули истекува од страна на опозицијата немаме никаков одговор, всушност имаше и еден обид од страна на Левица да се направи средба од страна на опозициските партии, бидејќи во суштина проблемот не е во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ кажа дека би прифатиле се она што би се договориле само за да се прифатат препораките на ОБСЕ и ОДИХР и гласањето на дијаспората по пат на пошта, но фактите се дека капацитетот на Левица да ги собере дури и опозициските партии на една обична средба за да договорат еден заеднички закон, еден заеднички консензус, да најдат токму опозициските партии, пропадна во вода, со што всушност покажаа дека немаат капацитет да обезбедат ни една обична средба кога се работи за еден ваков реформски закон, а не па би замислиле, кога би дошле на власт да спроведуваат реформи и да ги практициираат истите, истакна Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во гостување на Алфа телевизија.

Бојковска укажа дека блокада на ИЗ од страна на опозициските партии доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ и едно огромно признание од страна на ЕУ кога се работи за европските вредности.

„Така што во овој дел мислам дека нашата искреност беше доследна, навистина направивме огромни напори. Морам да потенцирам дека Изборниот законик 4 месеци беше предмет на дискусија во Министерството за правда, каде што СДСM всушност и не учествуваше излезе од работната група, повторно се маргинализира како опозициска партија, во рамките на таа работна група учествуваше Левица, којашто до последен момент беше согласна да го прифати понуденото решение за ИЗ, но лицемерието очигледно победи и оној политички театар којшто секојдневно го гледаме на екраните од страна на Левица, не можеше да ги надвладее суетите. Дојдовме до момент во којшто се постигна консензус, но лицемерието излезе на виделина кога се јавија и кога кажаа би го поддржале ИЗ, но не би го поддржале вистински со потпис како што доликува всушност еден ИЗ до којшто би дошле до консензус“, рече Бојковска и додаде:

Реклама

„Повторно паднаа на проценти, повторно паднаа на проценти за политичкото финансирање, во суштина само околу тоа се разговараше и ние рековме во ред колку што бараат толку ќе прифатиме, но на театарот мораше да излезат со емоции на граѓаните, мораше да влезат заедно во игра со СДСM бидејќи рејтинзите се и онака многу слаби и она со коешто ќе се соочат во наредниот период е уште еден политички дебакл којшто ќе им се случи, не можеше да изостане и во рамките на оваа дискусија за ИЗ, за жал, со неносењето на ИЗ, Македонија и македонските граѓани не успеваат да ги добијат дополнително оние 4 милиони евра коишто би ги добиле со усвојување на ИЗ, но ме радува тоа што и еврокомесарката, Кос најави дека Македонија е лидер во регионот, Македонија има огромни успеси во спроведувањето на реформската агенда и со оглед на она коешто е до сега направено Македонија ќе добие дополнителни средства од ЕУ, надвор од оние 750 милиони евра коишто се предвидени, па можеме да направиме една паралела дека ваква блокада на ИЗ доаѓа токму во моменти кога на Македонија и се дава шанса за напредок во ЕУ и едно огромно признание од страна на ЕУ кога се работи за европските вредности“.