Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Богдановиќ гостин во вестите на Алфа: Филипче и неговите најблиски продолжуваат да го потонуваат СДСМ под дното.

Што може потезите на Филипче и неговите најблиски да донесат за партијата?…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што може потезите на Филипче и неговите најблиски да донесат за партијата? Дали евентуално исклучување на Славјанка Петровска само ќе донесе до уште поголеми поделби? Како политиките на СДСМ влијаат на членството и партискиот рејтинг, на овие теми гостин во вестите на Алфа во 20:15 беше поранешниот градоначалник на Центар и функционер на СДСМ, Саша Богдановиќ.

-Па тоа е еден процес кој што за жал, без разлика што јас веќе не сум дел од СДСМ и веќе предводам нова политичка партија на политичката сцена во Македонија, сепак не посакувам ништо лошо, посакувам се најдобро, но за жал е процес во кој што е тргнат СДСМ, односно раководството на СДСМ, за кое што многу често во минатото сме дискутирале, сме апелариле. Но, очигледно една мала група на луѓе, дали ослепена од моќ, дали од некои други работи кои можеби нас не ни се познати, но едноставно за некои работи што сме слушнале едноставно не сакаат да трпат критика, не сакаат да трпат различно мислење. И дури мислат дека елиминирајќи било каква конкуренција околу себе, мислат дека само така ќе опстанат, па макар и 100 години останале во опозиција, а целта е да дојде на власт за да ги спроведе политиките за кои се залага. И тоа е еден процес  кој што е тргнат, изјави Богдановиќ.

Вели дека состојбите ќе дојдат до ова ниво, предупредувал и тој, но и многу други.  

Реклама

-Јас и додека сум бил активен сум апелирал за некои процеси кои што се случувле, за кои што сме губеле гласачко тело, кои што не биле поддржани од граѓаните. И сега вие имате актуелни градоначалници кои што се од редовите на вашата партија, актуелни пратеници, луѓе кои што по функција како пратеник, како градоначалник се членови на највисокото партиско тело, веќе ви излгеуваат во други простории, не во партиските и почнуваат да бараат смени, промени внатре во партијата, односно да бараат нешто да се смени, се со цел за да СДСМ може да се консолидира, бидејќи веќе предолго е врзан за дното. И кога вие не сослушувате, не реагирате на првите прозивки, тие луѓе едноставно ги боли гледаат партијата во која што си го вложиле животот на кое дереџе е дојдена и почнуваат веќе тоа да го прават јавно за да можете да ги чуете. Значи вие до сега кога ви кажувале не сте реагирале, сега кога ви кажуваат јавно, наместо да пружите рака, да видите што е, да сослушате, па макар и нешто да прифатите од тоа, вие продолжувате уште понатаму под дното да го потонете СДСМ.

Вели дека не е добро за партијата, што се елиминираат партиски партиски членови.

-Таму постои една мала група на луѓе, кои што освен што знаат да елиминираат се околу себе за да се заштитат од било каква конкуренција, не знаат да прават ништо друго и на некој начин му ги врзуваат рацетем, односно елиминираат свои партиски другари за да си го заштитат своето место. И неколку пати сум кажал, Венко можеби некогаш има добри намери, но за жал слушајќи ги се вклучува во таа маша, во таа матрица и затоа му се случуваат вакви работи. Почна да се меша во политики на други држави, со политики на друг претседател на држава, како да се опозиција на друго место, почна да етикетира народ на пример од кај што јас припаѓам. И едноставно луѓето почнуваат да се собираат, бидејќи не гледаат веќе благонаглонетост кон таа партија, иако во минатото гласале, сега гледаат опасност од таа партија, дај ќе се реконструираме во некоја друга колона, во некоја друга партија. А тие што ги боли еве преземаат и вакви чекори. И ако не се свести во брзо време, мислам дека имаше едно, во едно интервју го кажа Игор Ивановски, кој што е нели носител прв меѓу тие 30 луѓе кои што беа присутни, ќе го исклучи сам светлото во СДСМ, до тој степен е дојдено, изјави Богдановиќ.

Со Богдановиќ разговаше Матеја Петровски

https://youtu.be/AJZcECDme_c