Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето

Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувачниците во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментот, според АХВ, има вкупно 17 потврдени жаришта со заболнени над 2.700 животни. Болеста е потврдена во 15 одгледувачници на овци и 2 одгледувачници на овци и кози. Првото потврдено жариште беше во јануари годинава во село Лопате, општина Куманово.

– По добивањето согласност за локација за закопување на животните, АХВ ќе продолжи со депопулација на животните во новопотврдените жаришта во Македонска Каменица, Делчево и Свети Николе. До сега Агенцијата изврши депопулација (убивање на животните во одгледувачниците) на над 1.400 животни, а во текот на вчерашниот ден спроведе депопулација на одгледувачницата во село Сопот, општина Куманово, со примена на механички метод за евтаназија на животните – информираат од АХВ.

Во текот на вчерашниот ден АХВ одржала работна средба со претставници на здруженија на одгледувачи на овци и сојузот на одгледувачи на овци на Македонија со цел запознавање на моментната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овци и кози во Македонија, моментните проблеми со кои се соочуваат одгледувачите на овци, како и презентирање на мерките што се преземаат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во однос на справувањето со болеста сипаници кај овци и кози.

Реклама

Дополнително, претставниците биле запознати со биосигурносните мерки, кои треба да бидат преземени од сточарите во однос на своите стада и одгледувачниците во нивната непосредна близина, како и споделување печатени материјали за сточарите, со цел подигнување на свеста за болеста и начинот на брзо информирање во однос на неа од страна на сточарите до Агенцијата, ветеринарните друштва, односно официјалните ветеринари, со цел навремено реагирање во справувањето на болеста.

На состанокот се разговарало за контролните и за заштитни мерки што се преземаат од страна на Агенцијата за справување со болеста.

– Во одгледувачниците во кои е потврдeнa болеста сипаници кај овци и кози се спроведува попис на сите животни на одгледувачницата, убивање на сите овци и кози на одгледувачницата под официјален надзор, нештетно отстранување на мршите од овците и од козите, кои пцовисале или се убиени, простирката, цврстото и течното ѓубре за кои постои сомнение дека се контаминирани, како и храната за животни, млекото и производите од млеко, но и волната од животните, и тоа под официјален надзор, сите материјали за еднократна употреба и предметите на одгледувачницата, кои не може да се дезинфицираат, чистење и дезинфекција на просториите и на просторот во кој биле сместени овците, возилата користени за превоз на овците или нивните мрши и опремата во одгледувачницата, спроведување епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор и ширење на болеста, како и откривање контактни одгледувачници и примена на биосигурносните мерки при спроведување попис, епидемиолошко испитување, земање примероци и постапки за депопулација и нештетно отстранување – појаснуваат од АХВ.

Дополнително, постои забрана за движење и превоз на сите овци и кози во и од заштитната зона, освен за движење на приемчивите животни со цел колење во одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари во зоните. Пред да бидат натоварени животните, треба да бидат клинички прегледани, вклучувајќи и мерење телесна температура и водење евиденциски листи, при што не треба да покажуваат знаци на присуство на болест. Од закланите овци и кози, доколку е поставен сомнеж, треба да се земат примероци за лабораториско испитување за утврдување присуство на болеста сипаници кај овци и кози.

Потребно е и спроведување епидемиолошко испитување во сите одгледувачници на овци и кози за да се утврди можниот извор и ширење на болеста, спроведување клинички преглед на овци и кози при појава на сомнеж и задолжително земање примероци за лабораториско испитување, нештетно отстранување на опремата што не може да се дезинфицира, простирката, цврстото и течното ѓубре за кои постои сомнеж дека се контаминирани, како и храната за животни, задолжително пријавување секој сомнеж на болест или пцовисување кај приемчивите животни во рок не подолг од 24 часа од страна на сопствениците на животните или надлежното ветеринарно друштво до официјалниот ветеринар и забрана за промет на производите од животинско потекло добиени од овци и кози, кои потекнуваат од заштитната зона. 

– Суровото млеко добиено од животните (овци и кози) и производите добиени од тоа млеко може да се стават во промет по термички третман/пастеризација на 72°C во времетрање од 15 минути на одгледувачницата или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната. Забранет е превоз и транзит на овци и кози низ заштитната зона и зоната под надзор од другата територија на земјата, освен транзит по магистрални патишта. Донесена е забрана за работа на добиточни пазари на целата територија на Република Северна Македонија за овци и кози, одржување изложби или друг вид спортски настани – нагласуваат од АХВ.

На сите одгледувачи на овци и кози на целата територија на земјата од АХВ им наложуваат ограничување на секое непотребно движење на лица, возила, опрема и механизација во и од одгледувачницата и водење евиденција за сите лица и возила што влегуваат и излегуваат од одгледувачницата. При секој влез и излез од одгледувачницата задолжително да се применуваат биосигурносни мерки, кои вклучуваат користење чиста заштитна облека и обувки наменети исклучиво за употреба во одгледувачницата, миење и дезинфекција на рацете пред и по контакт со животните, поставување и користење дезинфекциски бариери или средства за дезинфекција на влезовите и на излезите и чистење и дезинфекција или нештетно отстранување на употребените опрема, обувки и облека. 

– На сите одгледувачи на овци и кози на целата територија на земјата им се наложува да не внесуваат нови животни во стадото, без претходено извршен клинички преглед и сертификат за здрваствена состојба на животните. Нововнесените животни да се држат одвоено од другото стадо во период препорачан од официјалниот ветеринар. Дополнително, да не се користат заеднички поила и хранилишта со животни од други одгледувачници, да не се врши напасување животни со непознат здравствен статус или напасување со овци и кози од друга одгледувачница, да се врши редовно чистење и дезинфекција на објектите, опремата, превозните средства и местата за товарење и истовар на животните – велат од АХВ.

Донесена е и забрана за повторно населување животни во одгледувачниците во кои е потврдена болеста за период од шест месеци од датумот на укинување на мерките од решението за заштитни и контролни мерки. Овие мерки се применуваат во рок од 60 дена од денот на донесувањето на решението.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски

Во текот на вчерашниот ден во Агенцијата за храна и ветеринарство бил одржан итен состанок на експертската група за болеста чума кај мали преживари и сипаници кај овци и кози. На него беше презентирана епидемиолошката состојба со болеста во Македонија и регионот, се разговарало за моментните мерки што се преземаат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство за справување со жариштата, како и позитивните и негативните страни од можната примена на вакцинација како метод за справување со болеста во Македонија.