Реклама

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Деновиве во Кореја се одлучува за статусот на Охрид во УНЕСКО

Мицкоски: Водата во Гостивар до крај на неделата ќе биде за техничка употреба

Словенечки модел за ставање крај на злоупотребите на боледувањата

Летнатите кровови отворија сомнежи – почнуваат проверки на градежните стандарди

Мицкоски: Размислуваме за повторно намалување на ДДВ од 18% на 10%

АХВ: Во Гостивар изречени 30 казни и затворени 11 нерегистрирани оператори

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Македонија

АХВ: Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата – покажаа вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спроведени во вторникот.

Како што информира АХВ, инспекторите извршиле 70 вонредни надзори, со кои биле опфатени кафе-барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна. Акцент при контролите бил ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем.

– Кај операторите не се утврдени отстапки во овој дел – за послужување и за миење на садовите, работните површини и опремата, забраната се почитувала и се користела пакувана вода и безбедна вода во спроведувањето на работните процеси. За послужување на гостите во угостителските објекти утврдено е дека се употребуваат пластични и хартиени чаши и прибор – наведува АХВ.

Реклама

Дополнува и дека при контролите се утврдени недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (5 оператори), како и неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените кај 18 оператори.

– Затекнати се и 11 правни лица што не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, на што, покрај глоба, изречена им е и привремена забрана за вршење на дејноста до регистрирање. Кај два оператори е утврдено дека пуштале во промет небезбедна храна во количина од 18 килограми (виршли, кисело млеко, јогурт, слајс-салами, путер), кои се нештетно уништени – нагласува Агенцијата.

Според АХВ, за констатираните недоследности, покрај наложеното спроведување задолжителни здравствени прегледи за вработените кај операторите со храна, забрани за вршење дејност (12), опомена и наредби за отстранување на недоследностите со контролите, изречени се и 30 глоби во вкупна висина од 7.750 евра во денарска противвредност.

– За брзо надминување на состојбата со водата за пиење во овој регион и намалување на бројот на заболени лица, апелираме до операторите и граѓаните да се почитува забраната за употреба на водата од градскиот водоводен систем, а секоја недоследност и непочитување на донесената забрана може да ја пријават лично во АХВ или во нејзините подрачни единици, електронски на [email protected], како и на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22 – наведува Агенција за храна и ветеринарство.