Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Асоцијација за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија: Без фер конкуренција нема одржлив систем за управување со отпадот од пакување

На Македонија ѝ е потребен стабилен, транспарентен и фер систем за управување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Македонија ѝ е потребен стабилен, транспарентен и фер систем за управување со отпадот, бидејќи само така се штитат инвестициите, животната средина и јавниот интерес.

Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за управување со отпадот од пакување. Само стабилна и предвидлива регулаторна средина може да обезбеди континуитет на инвестициите и исполнување на националните и европските цели во областа на рециклирањето и циркуларната економија.

Во услови кога во Македонија годишно се создаваат речиси 791.000 тони комунален отпад, а се собираат околу 637.000 тони, најголемиот дел од него – над 90 % – сè уште завршува на депонии. Ова дополнително ја нагласува потребата од развој на ефикасен систем за селекција и рециклирање.

Реклама

Според проекцијата за количините на пакување пуштени на пазарот во Македонија за 2025 година, изработена од Министерството за животна средина и просторно планирање, на домашниот пазар биле пласирани над 116.000 тони отпад од пакување. Од нив, повеќе од 82.500 тони се евидентирани во системите на колективните постапувачи, а над 56.000 тони, односно околу 68 %, биле рециклирани преку системот на проширена одговорност на производителите.

Неевидентирани остануваат околу 33.500 тони отпад од пакување, што создава нелојална конкуренција меѓу производителите, бидејќи тие не се дел од системот и не придонесуваат за финансирање на собирањето и третманот на отпадот што го создаваат. Највисока стапка на рециклирање е постигната кај хартијата и картонот, додека пластичната амбалажа останува еден од најголемите предизвици, со стапка на рециклирање од околу 38 %. Пред 15 години овие бројки беа седум до девет пати помали. Овие резултати покажуваат дека системот функционира и континуирано напредува, но и дека неговиот понатамошен развој бара стабилни правила, континуирани инвестиции и доследно спроведување на законската рамка.

Во изминатите години државата направи значителен напредок во развојот на современ систем за управување со отпадот од пакување. Благодарение на инвестициите на приватниот сектор, поддршката од меѓународните партнери и соработката со институциите, воспоставена е инфраструктура што овозможува повисоки стапки на селекција и рециклирање, како и подобра заштита на животната средина.

Системот за управување со отпадот од пакување треба да продолжи да се развива врз принципите на правна сигурност, транспарентност и фер конкуренција.

Асоцијацијата изразува загриженост поради појавата на практики што создаваат нерамноправни услови на пазарот. Конкуренцијата е неопходна и добредојдена кога се темели на инвестиции, квалитет на услугите, иновации и доследно исполнување на законските обврски. Меѓутоа, секој обид за стекнување пазарна предност преку притисоци, нелојални деловни практики или без обезбедени капацитети за исполнување на законските обврски го нарушува интегритетот на системот и ја намалува довербата на компаниите што инвестираат во неговиот развој.

Асоцијацијата ги повикува Министерството за животна средина и просторно планирање и другите надлежни институции да продолжат со политики што ќе обезбедат стабилен и одржлив развој на секторот, ќе ги заштитат инвестициите и ќе ја поттикнат понатамошната модернизација на системот за управување со отпадот од пакување.

Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад останува посветена на соработката со институциите, бизнис-заедницата и граѓаните во насока на понатамошно унапредување на системот, убедена дека фер конкуренцијата, доследната примена на законите и долгорочните инвестиции се единствениот пат кон модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпадот во државата.