Реклама

Од бизнис-идеја до сопствена работилница, младите охриѓани заинтересирани за мерките за самовработување

Македонија се простува од Владо Јаневски – погребот на 1 јули во Скопје

Стабилизација на цените на нафтата носи поевтина храна

ССКМ: Со стабилизација на цената на нафтата се очекува стабилизрање на цените

Ја задавил поранешната сопруга, па глумел дека сонот го одвел до телото – Нови детали за грозоморното убиство во Таор

Ресорите поделени, партнерите договорени: Имињата на новите министри ќе се знаат утре по 20 часот

Литванија останува силен поддржувач на европскиот пат на Македонија

Николоски: Со реформи и инвестиции Македонски железници ќе станат поефикасни

Мицкоски: Владата ќе продолжи да работи на намалување на цените

Мицкоски на пуштање во употреба на детската градина „Кокиче“ во Трубарево

Убиена 48 годишна жена во Скопје – по пријава за исчезнување, пронајдено телото во фаза на распаѓање

Заминуваат Азир Алиу и Фатмир Лимани: Влен добива министри во правда и култура, остануваат без здравство

Македонија

АСОМ: Со овој закон не се штитат граѓаните, туку се уништува легалната дејност и се отвора пат за црниот пазар

Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со изгласувањето на Законот за игрите на среќа во Собранието, власта донесе една од најштетните економски и правни одлуки во државата. И покрај предупредувањата на домашната и меѓународната експертска јавност, економските анализи, аргументите на легалната индустрија и бројните апели за јавна расправа, беше донесен закон кој нема да ги заштити граѓаните, туку ќе создаде услови за уништување на легалниот пазар и експанзија на нелегалното играње.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) уште еднаш укажува дека законот беше донесен без суштински дијалог со секторот кој го претставува, а чини повеќе од 95 проценти од легалниот пазар, без транспарентна јавна расправа и без да биде прифатен ниту еден аргумент на домашните и странските експерти кои предупредуваа дека предложените решенија се економски неодржливи, правно спорни и спротивни на европските стандарди.

Дополнително, самиот процес на подготовка на законот беше нетранспарентен. Законот не беше објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), иако тоа претставува задолжителен чекор во постапката за подготовка на законите. Со избегнувањето на ЕНЕР, јавноста, експертите, стопанските комори, невладиниот сектор и засегнатите компании беа лишени од можноста да дадат свои мислења, предлози и забелешки. Таквиот начин на носење закон отвора сериозни сомнежи за почитувањето на принципите на транспарентност и добро владеење.

Реклама

АСОМ останува на ставот дека со овој закон нема да се намали играњето. Ниту една релевантна европска или светска практика не покажува дека затворањето на легалните приредувачи ја намалува навиката за играње. Напротив, искуствата покажуваат дека рестриктивните модели секогаш доведуваат до експанзија на нелегалниот пазар, дивите обложувалници и нелегалните интернет-платформи, каде што нема контрола, нема заштита на играчите, нема наплата на даноци и нема механизми за спречување на пристапот на малолетници.

Асоцијацијата повторно предупредува дека најголемата цена од овој закон ќе ја платат граѓаните. На многуте поставени прашања од членките и невладиниот сектор во текот на целата постапка никој од предлагачите, министерството за финансии или владата не даде одговор што ќе се случи со илјадниците вработени кои ќе ги изгубат своите работни места поради затворањето на легалната дејност.

Оценката е дека последиците ќе бидат сериозни и далекусежни, директно се загрозуваат околу 10.000 работни места; негативни последици ќе почувствуваат повеќе од 50.000 работни места во поврзаните индустрии – ИТ секторот, обезбедувањето, транспортот, маркетингот, добавувачите и бројни други стопански гранки; повеќе од 800 деловни објекти ќе останат празни, со сериозни последици и врз пазарот на недвижности; државата ризикува да изгуби повеќе од 350 милиони евра буџетски приходи кои денес легално се уплаќаат, а тие средства ќе завршат во сивата економија.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија потенцира дека мерката за задолжителна дислокација, забраната лиценцираните приредувачи да приредуваат интернет игри на среќа, драстичното зголемување на давачките и нарушувањето на веќе стекнатите права од издадените лиценци претставуваат пакет мерки чија единствена последица ќе биде затворање на најголемиот дел од легалните приредувачи.

Истовремено, законот воспоставува сериозна нерамноправност на пазарот. Додека приватните лиценцирани приредувачи се исклучуваат од интернет пазарот и се оптоваруваат со значително повисоки давачки, државата за себе создава монополска позиција преку ексклузивното право за приредување интернет игри на среќа, под значително поповолни финансиски услови.

Тоа не е европски модел на регулирање на пазарот. Тоа не е заштита на граѓаните. Тоа е создавање државен монопол и грубо нарушување на уставниот принцип на еднаква положба на сите учесници на пазарот.

Од асоцијацијата предупредуваат дека особено загрижува фактот што со овој закон директно се отвора простор за експанзија на нелегалното играње. Кога ќе се затворат легалните приредувачи, навиката за играње нема да исчезне. Таа ќе се пресели во нелегални објекти и на нелегални интернет-платформи каде што државата нема да има никаква контрола, нема да има наплата на даноци, нема да има заштита на малолетниците и нема да постојат механизми за одговорно приредување.

АСОМ останува на фактот дека ефектите од овој набрзина донесен закон многу брзо ќе ги почувствуваат и институциите и граѓаните. Наместо намалување на играњето, Македонија ќе добие експанзија на црниот пазар, наместо поголема безбедност ќе има поголемо нелегално работење, наместо повисоки буџетски приходи ќе има поголеми загуби и наместо подобра заштита на младите нивна уште поголема изложеност на нелегални приредувачи. Истовремено, државата многу брзо ќе се соочи и со оправданиот револт на илјадниците вработени и нивните семејства кои ќе останат без својата егзистенција поради овој закон.

За АСОМ ова не е крај на борбата. Во наредниот период ќе ги искористиме сите расположливи правни механизми за заштита на уставниот поредок, владеењето на правото и правната сигурност.

АСОМ ќе поднесе иницијативи пред Уставниот суд со кои ќе ја оспори уставноста на Законот за игрите на среќа, како и постапката по која беше донесен. Убедени сме дека повеќе негови одредби се спротивни на Уставот, ги нарушуваат принципите на слободниот пазар, еднаквоста на стопанските субјекти и правната сигурност.

АСОМ отсекогаш се залагала за современ европски закон кој вистински ќе ги штити играчите, ќе обезбеди одговорно приредување, современи механизми за контрола и фер пазарна конкуренција. Наместо тоа, Македонија доби закон кој ја уништува легалната дејност, го поттикнува црниот пазар, создава државен монопол и ја доведува во прашање егзистенцијата на илјадници семејства.

АСОМ нема да се откаже од борбата и ќе го оспори пред Уставниот суд.

Целта е донесување на нов закон кој ќе биде преиспитан и заменет со европско, правично и уставно решение во интерес на граѓаните, економијата и владеењето на правото.