Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Апел до гостиварчани да соработуваат за епидемиолошки анкети и да ги следат препораките на здравствени работници за давање мостри

Доктор Драган Кочински, раководител на одделот за Епидемиологија на заразни заболувања при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доктор Драган Кочински, раководител на одделот за Епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, денеска упати апел до населението во Гостивар, да соработува со луѓето кои им се јавуваат за епидемиолошко анкетирање и да ги слушаат препораките на здравствените работници во однос на давањето мостри, односно примероци за анализа за микробиолошко испитување.

– Бројот на направени епидемиолошки анкети како број не е фактор во однос на пријавувањето на епидемија, битно е податоците што ќе се дадат за време на епидемиолошкото анкетирање и затоа апелирав до граѓаните да се одѕиваат на повиците кога нашиот тим и тимот од Центарот за јавно здравје од Тетово ги бара за епидемиолошко анкетирање. Досега се направени околу 60-тина анкети. Значи, во текот на вчерашниот ден, Центарот за јавно здравје побара помош, од наша страна, ние, еве, денес сме на работа и излеговме во пресрет и веќе се направени голем дел анкети. Морам да потенцирам дека дел од населението одбива комуникација и затоа би било добро, за да ги добиеме сите релевантни податоци и да направиме некаква анализа на ситуацијата, да учествуваат и да дадат соодветни податоци – порача докторот.

На новинарско прашање, што покажуваат досегашните епидемиолошки анкети што ги имаат направено, тој одговори дека она што е заедничко за сите е дека сите користеле храна и во домашни услови и во ресторани, сите користеле вода за пиење, некои користеле и флаширана вода.

Реклама

– Значи, не ни даваат некои индиции во коишто можеме да направиме просторно поврзување на случаите. Тоа треба дополнително да се анализира и да ги почекаме, секако, резултатите од микробиолошката анализа и кај пациентите од коишто се веќе земени 12 мостри досега и од резултатите што ќе бидат од водата за пиење – појасни Кочински во изјавата за медиуми.

Надминат е, рече, прагот на неделно ниво.

– Значи, тоа мора да се потенцира, дека проблемот со бројот на заразени е во текот на оваа недела. Она што е битно кога зборуваме за пријавување на епидемија, согласно и дефиницијата што е и во законот, дека е тоа едно невообичаено зголемување и во споредба со истиот период од претходните години. Она што морам да кажам е дека треба да се земе во предвид дека за да се пријави епидемија, треба да има и официјални пријави за заразна болест доставени до епидемиолошката служба. До овој период се 140 пријави. Колешката од Гостивар ја следеше ситуацијата цело време и во овие моменти, кога се исполнуваат веќе условите за пријавување на епидемија, соодветно ќе реагира. Ќе потенцирам дека пријавувањето на епидемија само ги подобрува можностите за подобра координација и комуникација, а мерките си се спроведуваа на терен и претходно – подвлече докторот.

Тој одговори дека резултатите од водата за пиење во текот на утрешниот ден ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, бидејќи на барање од оваа институција тимот бил на терен.

Прашан дали имало проблем при земање мостри на терен, докторот рече дека не може да коментира, бидејќи самиот не бил на терен за земање мостри од водата за пиење.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: