Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

„Антолог“ ја објави книгата „Персеполис“ од Марџан Сатрапи

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Персеполис“ од Марџан Сатрапи. Како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Персеполис“ од Марџан Сатрапи. Како што информира, првпат на македонски јазик е објавено интегралното издание на графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи, во превод на Владо Ефтимов.

Според „Антолог“, во ова дело Сатрапи го претвора личното сеќавање во политичко сведоштво, осветлувајќи ја вистината за репресијата, прогонството, созревањето и отпорот преку искреност, духовитост и човечност.

„Персеполис“ (2000 – 2003) на Сатрапи која почина на 4 јуни оваа година е еден од најпродаваните и меѓународно најуспешни мемоари во форма на стрип и претставува скапоцено сведоштво за животот во Иран од крајот на седумдесеттите до средината на деведесеттите години од XX век. Приказна за незаборавното детство на Марџан и за нејзиното созревање во љубов среде големо семејство во Техеран за време на Исламската револуција; за противречностите меѓу приватниот и јавниот живот во земја погодена од политички превирања; за нејзините средношколски години во Виена, каде што се соочува со предизвиците на адолесценцијата далеку од семејството; за враќањето дома – истовремено и слатко и болно; и, конечно, за нејзиниот самонаметнат егзил од саканата татковина. Ова е хроника на детство и младост кои во исто време се бунтовни и блиски, живот испреплетен со историјата на својата земја, а сепак исполнет со универзалните искушенија и радости на растењето.

Реклама

-Суров, продорен и искрен, често потресен, но проткаен со непосреден хумор и тешко стекната мудрост – „Персеполис“ е извонредно дело на една од најценетите графички авторки во историјата, којашто е уникатна и по својот ликовен и по својот пишан израз. Ова дело воедно е и прв ирански стрип, односно графички роман. Според првите два дела од книгата во 2007 г. е направен и долгоматражен анимиран филм како заедничка креација на Сатрапи и францускиот автор на стрипови и филмови Венсан Пароно a.k.a. Виншлус. Филмот премиерно е прикажан на Канскиот филмски фестивал, каде што ја освоил Наградата на жирито. Подоцна е номиниран и за Оскар во категоријата најдобар анимиран долгометражен филм, како прва жена номинирана во таа категорија, наведува „Антолог“.

Книгата на македонски јазик е објавена со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“ и на Министерствата за култура на РС Македонија. Изданието е достапно во книжарниците и преку дистрибутивната мрежа на издавачот.

Марџан Сатрапи (1969 – 2026) беше француска илустраторка, писателка и режисерка од иранско потекло. Родена е во иранскиот град Решт. Мајка ѝ е правнука на персискиот шах Насир ел Дин, од династијата Каџар (владеел од 1848 до 1896), но своето образование го должи на родителите, марксисти од средниот сталеж, кои ја охрабрувале нејзината индивидуалност. Пораснала во Техеран, каде што одела во француско училиште. Со желба да ја заштитат од политичките превривања, во 1983 година, родителите ја пратиле во Виена, каде што го продолжува школувањето. Факултет за ликовни уметности запишала во Иран, но потоа се сели во Франција. За време на студиите почнала да работи како илустратор на книги за деца.